Почитувани пријатели,
денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура.
Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јуни, 2020 20:22

АНТОНИО МИЛОШОСКИ ПРЕНЕСЕН НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ- Постои сомнеж дека е заболен од коронавирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска на својот официјален Фејсбук профил објави дека бил пренесен на Инфективната Клиника во Скопје. Тој со јавноста сподели дека неколку дена има покаќена телесна температура но други симптоми на Ковид-19 нема.

Пред четири дена мајката на еден од истакнатите членови на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, Светлана, објави дека е позитивна на коронавирус. Информацијата ја објави и самиот Милошоски на Фејсбук, најавувајќи дека по препорака на лекарите тој оди во самоизолација.

Почитувани пријатели,
денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура.
Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така.

Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката.

Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување.
Се гледаме наскоро, се надевам во добро здравје и со добри вести.
Ваш, Антонио Милошоски.

Инаку пред неколку дена тој ја извести јавноста дека имал контакт со заболено лице од Ковид 19, односно со неговата мајка која е медицинска сестра во болницата во Кичево.

Мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19.

Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци. До 6ти јули ќе имам две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица. Инаку се чувствувам добро и засега немам никакви симптоми. – напиша тогаш Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено Боки на неколку наврати соопшти дека во случајот се вмешани повеќе политичари, а на денот на судењето тој се обрати до судиите да ги бараат парите кај Зоран и Вице Заеви, по што беше отстранет од судницата.

Боки 13 потврди: Кривичните пријави се против политичари од власта- ќе ме спречат само ако ме лишат од живот

Првообвинетиот во случајот Рекет, Боки 13 кој доби 9 години казна затвор за истиот, денеска...

Понатаму, може да се слушне и разговор во кој соговорникот го прашува за кадровските решенија, а Заев го споменува Петре Шилегов. На ова, соговорникот вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека „знаел, апсолутно“ но дека тоа било тоа.

НОВА МЕГА БОМБА: Заев се договарал со Мијалков, знаел дека Шилегов “дрпа пари” (АУДИО)

Нови бомби и денеска осамнаа на социјалната мрежа „ЈуТјуб“  а на нив се слуша гласот...

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува...