
Македонија
Економија
Во емисијата Клик плус на ТВ 21, поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев посочи дека Коронавирусот донесе сериозна криза во земјава.
Според Анѓушев, кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата од финансиската криза пред 10-ина години.
Кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата од финансиската криза пред 10-ина години после распадот на берзите и финансиските импликации што ги имаше врз банките во Америка кога се прелеа низ целиот свет,Мислам дека оваа криза ќе ја афектира економијата многу пожестоко, бидејќи станува збор за многу пошироко опфатно влијание врз економијата и дека ќе треба да се влечат многу мудри потези за да може да се подигне економијата. Ќе треба да се направат мерки како да го зачуваме здравјето на економијата и како нашите компании да преживеат – мали, средни, микро, но и големи, рече Анѓушев .

Анѓушев посочува дека доколку по оваа криза која ја погоди земјата не опстанат големите компании, нема да преживеат ни малите, микро и средните. Тој посочува дека сите заедно соработуваат и едни без други неможат да опстанат.
-Многу е битно на компаниите да им се помогне да преживеат. Некои од нив ќе можат да одржат активност различен број на месеци, но државата ќе треба да им помогне да одржат минимална активност на компаниите што не можат сами да одржат активност. Затоа ценам дека е добра мерката за помош на компаниите за исплата на минималната плата и сметам дека треба да се усвои, потенцира Анѓушев.
Анѓушев меѓудругото ја поздрави мерката на Заев, за исплата на минимална плата за администрацијата во наредните два месеца.
-Погрешно е прашањето дали е добро да се намали платата на администрацијата или да не се намали. Вистинското прашање е дали ќе може да се подели и минимална плата, бидејќи во Буџетот ќе фалат две милијарди евра. Тие две милијарди евра главно треба да се трошат на плати. Ако не се скрати од платите, можеме неколку месеци да делиме плати, а после тоа може да се случи во Буџетот веќе да нема пари за плати, рече Анѓушев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.