Тој нагласи дека автопатиштата се надвор од буџетот и се во буџетот на претпријатието за државни патишта. Нагласи дека за патот Миладиновци-Штип перцепцијата е дека нешто се успорило.

Објавил: Перо Милчин | 14 јули, 2019 21:07

АНЃУШЕВ најави половина од патот Кичево-Охрид готов за неполна година!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во интервју за Сител рече дека одобрението за кредитот од Ексим банка го добиле пред два дена. Недостиг на финансиски средства бил главна причина за застојот на изградбата на патот Кичево-Охрид, кој траел четири години.

Анѓушев во интервју за Сител рече дека фокусот е за период не подолг од една година половина патот Кичево Охрид, да биде пуштен во употреба.

-За Кичево-Охрид имаше застој не поради неорганизираност или технички проблеми, туку поради недостиг на финансиски средтва. Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево-Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид. Ќе гледаме половина од тој пат, кој е со должина од 60-тина километри, односно околу 30 километри да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година, истакна Анѓушев.

Недостиг на финансиски средства бил главна причина за застојот на изградбата на патот Кичево-Охрид, кој траел четири години.

Анѓушев нагласи дека патот Миладиновци-Штип се гради четири и пол години. Во првите две биле изградени околу 55 отсто потоа за една и пол година беа изградени 45 отсто и тој е пуштен за употреба.

Според најавите, автопатот од Охрид до Кичево, требаше да биде готов за 45 месеци.

Вкупната должина на автопатот изнесува 56,7 километри. Ќе имаше две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина.

Помеѓу двата коловоза со разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови – вијадукти, 7 армирано бетонски мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1990 метри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење – Намалена видливост поради магла

Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 м и Охрид до 30м. ФРЕКВЕНЦИЈА:...

Со цел подигање на свеста за потребата од редовно користење на сигурносните појаси, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети, информации и одговори на клучните прашања за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас:

Заборавањето на сигурносниот појас некогаш чини живот

Една од причините за големиот број на загинати и тешко повредени лица во сообраќајни...

Според информациите од веб страницата на аеродромот, утринава на скопскиот аеродром, реализирани се сите полетувања меѓу кои за Гетеборг, Лондон и Ларнака, а слетале авиони од Копенхаген, Франкфурт, Берлин, Доха и Ларнака.

Авиосообраќајот на првиот ден од Новата година се одвива нормално

Авиосообраќајот во скопскиот аеродром на првиот ден од Новата година, се одвива нормално. Според...