Нагласи дека во моментов се преговара со компании од развиениот технолошки свет за инвестиции во земјава и додаде дека ако се помине добро е можно да се привлечат над 100 милиони евра нови инвестиции.

Објавил: Валерија Петрова | 1 октомври, 2019 17:45

Анѓушев оптимист: Очекувам во 2019 година економските параметри да бидат најголеми во последните 15 години

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

– Очекувам во 2019 година економските параметри да бидат најголеми во последните 15 години, како и во третиот и четвртиот квартал да продолжи растот што почна во претходни квартали, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на панелот „Патот кон просперитет“ на Самитот за Западен Балкан што денеска се одржува во Скопје во организација на „Економист“.

Тој нагласи дека во 2018 година во земјава имаше 700 милиони долари директни странски инвестиции или повеќе од 6,5 проценти од брутодомашниот производ.

– Ако во октомври се слушнат добри информации верувам дека странските директни инвестиции ќе бидат уште поголеми отколку во 2018 година кога имаше рекордно ниво на вакви инвестиции во досегашната историја на земјата, рече Анѓушев.

Нагласи дека во моментов се преговара со компании од развиениот технолошки свет за инвестиции во земјава и додаде дека ако се помине добро е можно да се привлечат над 100 милиони евра нови инвестиции.

„Патот кон просперитет“ на Самитот за Западен Балкан што денеска се одржува во Скопје во организација на „Економист“

Посочи дека земјава станува атрактивна за странски директни инвестиции и е поконкурентна на ова поле во споредба со останатите земји од Западен Балкан.

Според Анѓушев, клучно е во наредниот период да се смени образовниот систем во земјава кој треба да продуцира кадри што ќе бидат употребливи за стопанството и додаде дека клучно за земјава ќе биде да се зголеми соработката на странските инвеститори со домашните компании. Како добар пример за успешна странска инвестиција ја истакна „Герешајнер“ која во моментов ги завршува градежните активности на нивниот објект за производство на амбалажа за фармацевтската индустрија и веќе објави оглас за вработување на лица со почетна плата од 700 евра, а за инженерите и над илјада евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

“Пуцко Петрол“ е во сопственост на Исмаил Јахоски, кој 1996-2005 беше градоначалник од СДСМ, а од 2009 е градоначалник од ДУИ, на Пласница, најсиромашната општина во МК.

За фирма на градоначалник од ДУИ не треба лиценца за тендери

По случајот со Министерството за одбрана, кога пред две години порталот МКД.мк откри...

Ова го истакнува министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Македонската телевизија во кое додава дека одлуката на Владата покажува трезвеност и носење одлука врз основа на анализи, сознанија и оценети ефекти. Таа посочува дека за даночниот систем да биде праведен, треба интензивно да се работи на намалување на сивата економија, како и граѓаните да ја зајакнат довербата во институциите.

Прогресивниот данок ќе се стави на стен-бај

Прогресивниот данок не се укинува туку го ставаме во мирување. Во следниот период ќе...

Што можеме да очекуваме во вакви околности? Можеме да очекуваме предлагање на гломазен желботека-буџет кој би тежел околу 4 милијарди евра, според девизата "пиши, хартијата трпи се". И згора на тоа, можеме да очекуваме намалување на капиталните инвестиции кои носат развој, а во буџетот да има дуплирање на средствата за вработување на договор на дело во администрацијата, како предизборен обид на сметка на буџетот да се намали разочарувањето кај гласачите на коалицијата на СДСМ-ДУИ-Амди-ДОМ-Љубе-НСДП-Самка!, стои во објавата на Милошоски.

ПРЕДИЗБОРНАТА ТРКА ГО СТОПИРА БУЏЕТОТ НА МАКЕДОНИЈА – се ситнат денови и од ноември

Пратеникот Антонио Милошески од ВМРО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук профил напиша дека...