Анѓушев најави негово повлекување по закажаните предвремени парламентарни избори, без оглед на нивниот исход.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 ноември, 2019 10:30

Анѓушев се повлекува од политиката- драстично паднал профитот во неговите компании

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата Топ тема на ТелмаТВ Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја шокираше јавноста со изјавата дека се повлекува од политиката.

Анѓушев најави негово повлекување по закажаните предвремени парламентарни избори, без оглед на нивниот исход.

Кочо Анѓушев најави повлекување од политиката

Анѓушев во гостувањето открива дека ваквата одлука ја донел поради тоа што профитот во своите компании рапидно паднал откако тој стана вицепремиер. Анѓушев истакна дека сака да се посвети на своите бизниси. 

Како што изјави тој една од причините е тоа што неговите „најчесни намери да и помогне на државата не биле секогаш најдобро прифатени од граѓаните“.

– Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа е и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката, рече Аншушев.

Инаку проф. д-р Кочо Анѓушев е избран за Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања на 1 јуни 2017.

Роден е на 20.06.1969 година во Велес, каде завршува основно и средно образование. Во 1992 година дипломира на Машинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, пред предвидениот рок, како првенец во генерација, со просек 9,36, по што останува да работи како асистент на истиот факултет.

Во 1995 година магистрира на Институтот за механика. Од 1996 година тој е научен истражувач на Машинскиот факултет во Ахен, Сојузна Република Германија, каде ја подготвува докторската дисертација со наслов „Влијанието на вибрациите кај лостовите и бреговите механизми врз нивните кинематички функции“.

Во 1998 година докторира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во областа на механика и динамика на машини. По докторирањето, избран е за доцент, а потоа и за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Во 1999 година своето работно искуство како професор го проширува во Лавборо, Англија каде е гостин професор на тамошниот Машински факултет од областа на динамика на машини.

Од 2000 до 2002 година, проф. д-р Анѓушев ја извршува функцијата помошен генерален директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ), каде е одговорен за организирање на домашното производство на електрична енергија, инвестициското одржување на електраните и рудниците и спроведување на проекти за нивна модернизација и рехабилитација.

Во 2003 година ја основа и станува главен извршен директор на групацијата Феро Инвест ДОО, вo чиј состав се фирми кои доминатно се занимаваат со инженерство, индустрија и енергетика.

Од 2004 до 2017 година проф. д-р Анѓушев е активен член, а потоа и  потпретседател на Стопанската Комора на Македонија. Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршува функцијата претседател на Македонската енергетска асоцијација, при Стопанската комора на Македонија.

Автор е на повеќе од 100 научни труда објавени на меѓународни и домашни научни симпозиуми и списанија. Под негово водство се реализирани повеќе од 50 проекти во индустријата од областа на машинството и енергетиката. Учесник е на повеќе трибини во организација на ЕБРД и ИФЦ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Полиестердеј е втората домашна фирма во која денеска влегоа инспекторите во врска со долг за печатење маици за ВМРО-ДПМНЕ.

Сестрата на Камчев, Кристина Стојчевска, пред две недели се повлекла од управителската функција во Монт

Сестрата на Орце Камчев, Кристина Камчева-Стојческа пред две недели се повлекла од...

-Горно маало Волково кога ќе се заврши со канализација? Каде е проширувањето на улицата, каде се тротоарите, каде се градинките, ништо немаме. Горно маало немаме ништо и воопшто не сме задоволни со ништо. Сите кажувате, кога и да дојдете само кажувате, а немате ништо исполнето Од сред село на кај Кучково патот што, е поминете господине да видите по какви улици одиме ние, каде ни учат децата, по какви калови одат децата, подвикнала една од присутните жени.

Жителка на Ѓорче Петров го направи „ПАРТАЛ“ Заев – премиерот ОВА не го очекуваше!

Со бројни изливи на незадоволство на граѓаните од населбата Горно маало во селото...

Спасовски изрази жалење што обвинителството, како што рече, немало храброст да одреди притвори за осомничените.

НЕМАА ХРАБРОСТ ДА ГИ ПРИТВОРАТ НАПАЃАЧИТЕ ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС – Спасовски упати големо жалење до обвинителството

МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот со пукањето во „Александар...