-Ова се вистинските бројки на странски капитал донесен за инвестиции во нашата држава. О

Објавил: Перо Милчин | 31 мај, 2019 17:42

АНЃУШЕВ СО РАДОСТ СООПШТИ: Петпати се зголемени странските инвестиции во првиот квартал!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Капиталот на странски фирми кои донеле пари во нашата држава за да градат фабрики во првиот квартал од годинава изнесуваат 78,8 милиони евра. Тоа е петпати повеќе од просекот во последните седум години за истиот период или за 227 проценти повеќе од претходно најуспешната година 2012 кога биле донесени 34,7 милиони евра, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо  Анѓушев, рече дека вкупната бројка е помала заради што годинава имаме специфична ситуација и имаме големи средства на компании кои испорачале производи од нашата држава, а не ги наплатиле, воглавно од нивните мајки фирми и таа ставка годинава изнесува 171,8 милиони евра во првиот квартал.

Тој изјави дека ова е уште еден показател дека за 19 фабрики што се градат во ТИРЗ и 6-7 надвор од индустриските зони некој донел капитал и со тие пари ги гради.

-Ова се вистинските бројки на странски капитал донесен за инвестиции во нашата држава. Оваа година во прв квартал се донесени 78,8 милиони евра, а просекот од претходните седум години изнесува 15,6 милиони евра или петпати помалку отколку што се донесени годинава

Доколку тие пари се додадат на 21,6 милиони евра тоа би била реалната ситуација бидејќи тие 171,8 милиони евра ќе бидат наплатени, рече вицепремиерот за економски прашања, Анѓушев.

На прашање од новинарите како се одлеале средствата, Анѓушев рече дека тоа може да се направи во две категории, од кои првата категорија е преку давање голем кредит од странските компании кои функционираат во државата на своите фирми, мајки или давање позајмици надвор од државата.

-Тоа треба да се оданочи на крајот на годината и нормално е дека тој кредит е одлив и не е спорно, но со оглед на фактот што производството во странските компании значително порасна тие сега имаат произведени производи и испорачани производи надвор од државата, а не наплатени. Тоа значи дека парите не се стигнати во државата, а производите се испорачани. Такви побарувања годинава се 171,8 милиони, а минатата година биле 64 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

За еден денар се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 53,50 денари за литар.

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОДВОЈАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД НОВЧАНИКОТ: Од полноќ ќе возиме со поскапи горива!

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од два до 2,5 денари,...

– Тоа се дезинформации. Нека потврди медиумот кој извесувал за тоа оти таква информација има од МТСП.

ЦАРОВСКА: „Дезинформации се дека вработените пред пензија ќе имаат скратено работно време„

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како дезинформации ги оцени...