Холивудската актерка и режисерка, Анџелина Џоли, периодов престојува во Велика Британија каде го снима второто продолжение на „Maleficent".

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јуни, 2018 23:55

Анџелина Џоли повторно блесна во нејзин стил

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Холивудската актерка и режисерка, Анџелина Џоли беше и на листата на елитни гости што вчера беа поканети од британското кралско семејство, да присуствуваат во катедралата St.Paul каде беше одржана миса по повод 200 години јубилеј од витешките редови на Св.Михаил.

На кралската  свеченост Анџелина се појави во едно блескаво беспрекорно издание, облечена во елегантен беж фустан со нагласена половина од Ralf&Russo, а посебен печат на целиот изглед му даваат луксузниот брош и софистицираната шапка.

Анџелина Џоли изгледаше боженствено и таа повторно блесна во нејзиниот стил.

Анџелина Џоли

На 14 годишна возраст, Џоли започнала да работи како манекенка за Finesse Model Management. Во тоа време исто така се појавува и во неколку музички спотови. Џоли за прв пат на големото платно се појавува уште како дете заедно со нејзиниот татко Џон Војт во Lookin’ to Get Out (1982), но нејзината вистинска филмска кариера започнала една декада подоцна со најслабо-буџетната продукција Cyborg 2 (1993). Нејзината прва главна улога во „поголем“ филм е во сајбер-трилерот Hackers (1995). Во овој период таа станала многу актуелна во американската јавност и пошироко, со бурниот љубовен живот, првите тетоважи по телото по кои стана и препознатлива. Успехот на планот на глумата следи по улогата во телевизискиот филм за животот на Џорџ Валас, поради што беше номинирана за наградата „Еми“ . По оваа почнува да се појавува во бројните ток-шоу програми на американските телевизиски станици, а се повеќе е присутна на насловните страници на најтиражните списанија. Во 1997 година режисерот Мајкл Кристофер ја ангажирал за главната улога во филмот „Џиа“, биографски филм за една маникенка која трагично го уништува својот живот со дрогата.

Џоли се здобива со голема слава после нејзиното портретирање на ликот на Лара Крофт познат од видео играта во филмот Lara Croft: Tomb Raider (2001) и се поставила како една од најплаќаните актерки во Холивуд со продолжението на Томб Рајдер.Life or something like it (2002) The Cradle of Life (2003).[10] Таа ја потврдила нејзината репутација како главна акциска ѕсвезда во Mr. & Mrs. Smith (2005) и Wanted (2008), кои го одбележале нејзиниот не-анимиран комерцијален успех,[11] а исто така добила и позитивни критики за нејзините улоги во драмите A Mighty Heart(2007) and Changeling (2008) кој и донел номинација за Најдобра актерка на Филмската награда на академијата на САД.

Џоли има освоено една филмска награда на академијата на САД, две Screen Actors Guild Awards и три награди Златен глобус. Според Форбс, е прогласена за најплатена актерка во 2009 и 2011 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.