Според новите измени е предвидено компаниите за бела техника да ги направат производите потрајни и да треба да обезбедат резервни делови за машините до 10 години. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2019 11:16

Апаратите за домаќинство мора да траат најмалку 10 години: ЕК со нови мерки за компаниите за бела техника

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Европската комисија за еко-дизајн на електрични уреди, донесе најнови мерки кои ќе стапат во сила во 2021 година, а се однесуваат за апаратите за домаќинство.

Според новите измени е предвидено компаниите за бела техника да ги направат производите потрајни и да треба да обезбедат резервни делови за машините до 10 години. 

Според последната студија помеѓу 2004 и 2012 година, процентот на големи апарати за домаќинство кои пропаднале во рок од пет години се зголемил од 3,5% на 8,3%.

Од ЕК за првпат одлучија да воведат и барања за поправка и рециклибилност на уредите, придонесувајќи за целите на кружната економија преку подобрување на животниот век, одржување, повторна употреба, модернизација, рециклирање и третман на отпад од апарати.

Ваквите промени биле направени поради незадоволни купувачи ширум Европа и Северна Америка кои како проблем го посочиле тоа што новите апарати кои ги купуваат траат додека истече гарантниот рок, а веднаш потоа се расипуваат што за поправка е речиси исто како да се купи и нов апарат, па потрошувачите најчесто се одлучуваат за нови апарати.

 

Според новите стандарди, производителите ќе треба да обезбедат резервни делови кои ќе треба да бидат лесни за поправање со достапни алатки и без оштетување на производот.

Новите барања за поправка ќе помогнат во подобрување на животот на секојдневните апарати, кои во моментов се откажуваат премногу брзо. Клучно е да се надмине сегашниот тренд на „исфрлање“ што е осиромашување на природните ресурси и празнење на џебовите на потрошувачите, коментира Моник Гојанс, извршен директор на Европската асоцијација на потрошувачи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија