
Македонија
Фејсбук
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека над 200.000 Македонци одбиле да се попишат. Тој алудира дека доволно е само 50.000 граѓани да го бојкотираат пописот за да се смета за невалиден.
-Знаете зошто Апостол не казнува за одбивање фалц-попис? Затоа што над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат! Ако почнат да пишуваат казни, ќе има евиденција, а вака нема траг.
А според светските статистички стандарди, попис кој го бојкотирале само 2,5% од населението се смета за НЕВАЛИДЕН. Тоа, во наши услови, значи дека доволно е 50.000 луѓе да одбијат да учествуваат во фалсификатот, и планот за етноинженерингот нема да има меѓународна верификација. Официјалните бројки се лажирани, а само една општина (Аеродром) е на добар пат да го сруши фалсификатот. А тек па другите бојкотирачи низ цела Македонија, напиша Апасиев на фејсбук!
Откако Државниот завод за статистика извести дека вчера се попишани повеќе од еден милион граѓани, министерот за правда, Бојан Маричиќ, на својот профил на „Фејсбук“ изрази задоволство од текот на процесот и посочи дека влегуваме во последната фаза од пописот кој се спроведува после 20 години.
„Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години!“,напиша во објава на Фејсбук Маричиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.