
Македонија
Политика
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека ако не се обезбеди кворум за гласање на седниците во Собрание, заразените пратеници од власта ќе дојдат со скафандери, напиша дека во таков случај ќе поднесе кривични пријави.
-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.
Собранието едногласно, со гласовите на мнозинството и опозицијата, ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки.
Во Собранието присуствуваа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19 облечени во скафандери, кои од посебни кабини учествуваа во работатат на законодавниот дом.
„За“ мерките гласаа 113 пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, како и двајцата пратеници од мнозинството, кои гласаа од посебната просторија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.