Димитар Апасиев со прозивка и до МВР. Каде на друго место ако не на ФБ. “Дали сте нормални вие од МВР? Изгледа сакате да ви протестираме пред капии.”
“Ердоганскиве тактики не ги праеше ни Грујо коа беше у пикот на Режимот!!! Дали сте НОРМАЛНИ бе вие од МВР? Сакате изглеа да ви протестираме пред капии, а?” – пишува Димитар Апасиев од политичката партија “Левица” иако сака да се претставува само како универзитетски професор на својот Фејсбук профил.
Тој во својата објава прикажува и фотографија за обид со хакерски напади да се преземе страницата на “Млади за Македонија” и “Бојкотирам” фан групите на Фејсбук.
Притоа јавно не е познато кој стои позади граѓанските иницијативи од видот “Бојкотирам” со што се поставува прашањето од каде на Апасиев увидот во корисничките подесувања на фан групата на ова движење?
Можеби еден ден Апасиев нема да пишува ФБ пост туку ќе излезе пред Влада и ќе протестира или ќе поднесе правна забелешка до Уставен суд или надлежна судска институција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.