Ја поништи одлуката на Алексовска Стојановска

Објавил: Калина Мартинска | 7 февруари, 2025 18:25

Апелација донесе пресуда три години и 10 месеци затвор за Васил Јованов за продавање дрога

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Апелациониот суд ја преиначи казната за Васил Јованов за поседување и продавање марихуана и кокаин, од воспитна мерка како што претходно пресуди Кривичен, сега тој правосилно е осуден на 3 години и 10 месеци затвор.

Овој предметот, кој предизвика реакции во јавноста оди под лупата на Судкси совет.

Во Апелација предметот стасал во ноември и течеше жалбена постапка.

Адвокатот на Васил Јованов повикува наместо линч, да се остават институциите да си ја работат работата

Судијката Даниела Алексовска Стојановска претходно во пресудата напишала дека на Јованов како на помлад полнолетник му дава можност, воочената и направената грешка да ја отстрани без потешки последици за него.

Васил Јованов веќе е во притвор поради сообраќајката во која прегази Фросина Кулакова.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, претходно изјави дека Јованов ќе остане во притвор до крај, бидејќи се работи за кривично дело сторено со умисла.  Според него, казната треба да има одредена цел и влијание и обвинителството ќе ги преземе сите дејствија за обезбедување на цврсти докази.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.