Судиите сметале дека висината на имотот не е доволна за гaранција дека Камчев нема да бега, а оцениле и дека здравствената состојба на обвинетиот кој неколку дена лежеше на кардилогија „не може да доведe до отстранување на стравот од бегство на обвинетиот“.

Објавил: Владо Марин | 10 јули, 2021 20:30

Апелација пак го одби Камчев – нудел речиси 5 милиони евра и недвижности

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, Орце Камчев обвинет во случајот „Плацевите на Водно“ ќе остане во притвор во Шутка. Пред два дена Апелациониот суд повторно ја одбил жалбата на Камчев иако Вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор за обвинетиот бизнисмен, пренесува Телма.

Советот во Апелација кој ја одбил жалбата на Камчев го предводи судијката Тања Милева.

Судиите сметале дека висината на имотот не е доволна за гaранција дека Камчев нема да бега, а оцениле и дека здравствената состојба на обвинетиот кој неколку дена лежеше на кардилогија „не може да доведe до отстранување на стравот од бегство на обвинетиот“.

Барањето за замена со поблага мерка судот го оценил како неоснован, затоа што судиите сметаат дека „присуството на обвинетиот претставува услов за брзо, непречено и ефикасно спроведување на постапката и не може да биде обезбедено со друга мерка“ освен со затворски притвор.

Камчев понудил вкупно 6 недвижности меѓу кои и куќата во Бардовци, каде беа направени снимките со предавање на парите во чанта Луј Витон во случајот Рекет со Катица Јанева. Останатите недвижности се фабриката на КАРА во Делчево и 4 големи плацеви градежно земјиште во Скопје и Маврово, како и фабрика во Делчево, а обвинетиот понудил и 400 илјади евра во готово.

Судењето за случајот „Плацеви на Водно“ е закажано за 16-ти јули, а покрај Камчев обвинети се неговата мајка Ратка Камчева, Никола Груевски, Сашо Мијалков и Ристо Новачевски, којшто е кум на екс премиерот Груевски.

Претходно Камчев нудеше 1,7 милиони евра да излезе од притвор, но Апелација и тогаш ја одби гаранцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...