Со одлуката на Апелација, пресудата станува и правосилна, по што од Кривичниот суд во Скопје на обвинетите треба да им испратат и упатен акт за во затворот каде ќе треба да ја одлежат казната. И Катица Јанева и Бојан Јовановски во моментов се наоѓаат во домашен притвор.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 17:20

АПЕЛАЦИЈА ЈА ПОТВРДИ ПРЕСУДАТА ЗА „РЕКЕТ“: 9 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА БОКИ, 7 ЗА ЈАНЕВА

Фото/Текст извор: ©24.мк

Боки 13 го чекаат девет години затвор, додека затворската казна за бившата специјална обвинителка Катица Јанева ќе биде седум години. Апелација ги потврди пресудите за случајот „Рекет“ и ги одби жалбите на двајцата обвинети, како и жалбата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое бараше и повисоки казни за Боки и Катица.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди.“ – велат од Апелационен суд Скопје.

Со одлуката на Апелација, пресудата станува и правосилна, по што од Кривичниот суд во Скопје на обвинетите треба да им испратат и упатен акт за во затворот каде ќе треба да ја одлежат казната. И Катица Јанева и Бојан Јовановски во моментов се наоѓаат во домашен притвор.

Адвокатката на Јанева, Ирина Фрчковска за ТВ 24 вели дека се уште ја немаат добиено пресудата  но кога ќе ја добијат ќе ги искористат сите правни елементи да го одложат извршувањето на казната и ќе ја обжалат пресудата до Врховниот суд. Во рок од три дена обвинетите имаат право на жалба и да бараат одложување на издржување на казната од причини предвидени со закон – болест, лекување.

Вакво одложување досега искористи екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поради породилно отстуство за  чување на дете.

Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски е обвинет за перење пари и примање награда за противзаконито влијание, додека пак Катица Јанева е обвинета за злоуптреба на службената положба.

Според обвинението, кога во 2018 година СЈО отворило истрага за предметот „Иперија“ каде осомничен беше бизнисменот Орце Камчев, биле барани пари од него за тој да добие подобар третман, како враќање на пасошот, укинување на притвор, но и склучување на спогодба. Обвинителството тврдеше дека од Камчев биле изрекетирани 1,5 милион евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести