Исмет Гури и Ејуп Алими на 31 март 2020 година беа осудени на по три и пол години затвор за „Титаник 3“, заради уништување на изборен материјал на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година.

Објавил: Владо Марин | 28 јули, 2021 22:56

Апелација ја укина пресудата за екс пратеникот од ДУИ, Ејуп Алими

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Апелацискиот суд ја укина пресудата за случајот „Титаник 3“ предметот во кој беше осуден поранешниот пратеник на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури и предметот го врати на повторно судење, пренесе Фокус!

– По одржана седница на ден 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, стои во денешното соопштение од Апелацискиот суд Скопје.

Исмет Гури и Ејуп Алими на 31 март 2020 година беа осудени на по три и пол години затвор за „Титаник 3“, заради уништување на изборен материјал на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година.

Судијката Марија Клетничка при објавување на пресудата рече дека обвинетиот Гури е виновен затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше вратена од почеток. Откако судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести