Но има нешто што корисниците на оваа апликација не го знаат:

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јули, 2019 0:04

Апликацијата која ги освои социјалните мрежи сепак мора веднаш да ја избришете!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Курир.мк

Деновиве е актуелна апликацијата со која можете да видите како всушност ќе изгледате во староста. Многумина на социјалните мрежи веќе си поиграа со апликацијата FaceApp, која за многу кратко време успеа да ги освои корисниците на социјалните мрежи.

Но има нешто што корисниците на оваа апликација не го знаат:

Имено со самото инсталирање и активирање на оваа апликација, FaceApp која може да пристапи до вашите фотографии но и да ги зачува и да користи без ваша дозвола!

Апликацијата FaceApp , која стана хит на социјалните мрежи

Дополнително, за да ја создаде вашата фотографија на постара возраст, вие дозволувате на апликацијата правата таа да ја поседува вашата фотографија, да ја објави и да ја користи во целиот медиумски простор без вие да имате право да се противите или забранувате.

Ова се две причини кои се доволни за да не наседнете на користење на апликацијата, но тоа не е се,  со инсталирање и користење на апликацијата вие како корисник се согласувате вашите фотографии да останат во нејзина сопственост а тоа значи дека иако ја избришете, апликацијата има право да ги зачува вашите фотографии.

Она за кое експертите стравуваат е дека оваа апликација ја скенира вашата слика и ја поврзува со Фејсбук профил при што собира дополнителни информации за вас како онлајн корисник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија