Силно полициско обезбедување е во целата населба каде што се врши контрола на возилата во тој дел.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 декември, 2019 22:16

АПСЕЊА ВО КАРПОШ: Кој му испраќа порака на Штерјо Наков со калашњикови?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повеќе полициски џипови со припадници на ЕБР вечерва го вршат апсењето на лицата кои што во моментот биле во „Александар Палас“, дознава Вечер.

Во тек е голема полициска акција во скопски Карпош, во хотелот „Александар Палас“ каде што пред два дена се случи престрелка помеѓу две криминални групи.

Полициско обезбедување е во целата населба, каде што се врши контрола на возилата во тој дел.

Единствено што се знае е дека е пукано врз Камер Идризи, Јетон Кривањева, Африм Сулмани и Енсар Исени.

Како што беше објавено напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана. Според првичните информации нападнатата група е од Грчец, скопско.
Тројца од сторителите влегле во хотелот извикувајќи „Полиција, Полиција“ и испукале рафали кон ресторанот, по што го напуштиле местото.

Сопственик на хотелот е Фершпед, фирма на Штерјо Наков, македонски бизнис олигарх.

Собранието на акционери на „Фершпед“ на последната седница во мај годинава го утврди составот на Одборот на директори на компанијата, во чиј состав по шест години се врати сопственикот Штерјо Наков.

Наков во 2013 година се повлече од Управниот одбор на компанијата и беше прв човек на Надзорниот одбор.
Покрај Штерјо Наков во Одборот на директори беа избрани и неговиот син Драган Наков, досегашниот претседателот на Управниот одбор, Иван Петровски, како и Анета Лазарова и Лидија Трајковиќ која досега беше член на Надзорниот одбор.

Оваа информација компанијата ја сподели на Македонска берза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот. Како што претходно информираше „Република“ на лице место пристигнал и трет противпожарен камион.

Пожар во стан во скопската населба Ново Лисиче- пожарникарите ги извлекуваат станарите

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската...