Попладне и навечер облачноста ќе се зголемува, со што ќе започнат нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ.

Објавил: Сара Фемина | 13 октомври, 2021 8:00

АРКТИЧКИОТ БРАН КОЈ ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СНЕГ И ДОЖД СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и тоа особено претпладнево.

Попладне и навечер облачноста ќе се зголемува, со што ќе започнат нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во вечерните и ноќните часови ќе започнат нови врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, утре и во петок времето ќе биде облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд, кои особено во јужната половина ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од СНЕГ каде ќе се формира и снежна покривка. Снежната граница и тоа особено во западните и во северните предели има услови да се спушти и под 1000 м.н.в. Ќе дува умерен, на некои места ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

За време на викендот пак ќе имаме постабилно и нешто потопло време, кога и врнежите насекаде ќе престанат.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

И во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА УШТЕ ПОГОЛЕМ СТУДЕН БРАН ОД АРКТИКОТ: СЕ ОЧЕКУВА ПРВАТА ПОГОЛЕМА СНЕЖНА ПОКРИВКА

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од...

Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места повторно се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог ( над 50 л/м2 воден талог).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПОРАДИ ИНТЕНЗИВНИТЕ ВРНЕЖИ МОЖНИ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА! НА ВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ СНЕГ

Денес, како и во текот на следните денови и тоа под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна...