Честитајќи им на „ренџерите“ на новите реновирани простории министерката изрази задоволство што добиваат подобри услови за работа и што тоа значи нов чекор во подобрувањето на стандардите во Армијата.

Објавил: Перо Милчин | 3 март, 2021 14:54

Армиските ренџери добија нови реновирани простории

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Честитајќи им на „ренџерите“ на новите реновирани простории министерката изрази задоволство што добиваат подобри услови за работа и што тоа значи нов чекор во подобрувањето на стандардите во Армијата.

Откако го завршивме и заокруживме новиот реконструиран објект во Куманово, објектот на армиските ренџери е вториот целосно заокружен и реновиран армиски објект со целосна реконструкција, која се случува по 50 години нејзино користење. Овој објект и претходно а и сега ќе го користат армиските ренџери, една од нашите елитни единици“, рече Шекеринска и подвлече дека инвестициите во физичката инфраструктура освен што значат подигање на стандардот водат и кон зголемување на интересот за армиската професија.

„Членството во НАТО не е само шанса и безбедност за државата, туку е и одговорност за работењето и условите за живот и работа на Армијата. Затоа во изминативе три и пол години вложувавме во тоа да ја направиме војничката професија атрактивна преку зголемување на примањата но и преку зголемување на шансите за развивање на кариера во НАТО и дома“, истакна министерката.

Шекеринска посочи дека реконструкциските зафати се еден од приоритетите во одбраната, и во касарната „Илинден“ во завршна фаза на целосна реконструкција е и втор голем објект во кој ќе бидат сместени гардата и логистичката единица, додека истовремено тече и реконструкција на трет објект во оваа касарна.

Реновирањето на објектот чинеше 45,5 милиони денари при што е поставена комплетно нова електрична инсталација и инсталација за греење, направена е хидро изолација, комплетна обнова на санитарните јазли, бетонирање, нови подови од линолеум, молерофарбарски и браварски работи.

Заради запазување на енергетска ефикасност направена е комплетна термо изолација која опфаќа замена на сите врати и прозорци и поставување на термичка фасада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Советот за јавни обвинители ја понижи Ристоска: „Разочарана сум“, што не бев избрана за виш јавен обвинител

Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување...

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во тимот на Русковска

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе...

Претставниците на земјоделците го информираа претседателот Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Мицкоски на средба со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата...

Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација...