Министерство за одбрана

Објавил: Калина Мартинска | 12 март, 2025 13:00

Армијата бара 300 нови професионални војници

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерството за одбрана денеска објави конкурс за прием на 300 нови професионални војници. Право да се пријават имаат сите полнолетни физички здрави државјани на Македонија кои не се постари од 25 години. Потоа, Министерството преку посебни комисии ќе врши селекција меѓу пријавените кандидати.

Од министерството за одбрана ги охрабруваат особено девојките да се пријават на огласот. Оттаму велат дека при вработувањето ќе се води сметка и за правична застапеност на кандидатите.

Платата, според објавените оглас ќе почнува од 500 евра плус уште 200 евра за трошоци за станбено обезбедување.

Од Министерството за одбрана објавија и оглас за 10 подофицери во македонската Армија, а следува и огласот за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.