Македонија
Вести
Кризната состојба на целата територија Македонија во траење од 30 дена, којашто на предлог на #Совет ЗаБезбедност вчера ја прогласи Влада на Република Северна Македонија, ќе и овозможи на Армија на Република Македонија да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, вели претседателот Пендаровски!
Според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.
Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на #КОВИД19 и се крајно исцрпени, тврди претседателот!
Кризната состојба е на сила на целата територија на Македонија со цел подобро справување со коронакризата. Државниот врв наложи веднаш да се креира акциски план кој треба да застане на патот на ковид-19 и неговото ширење.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.