Потребни ни се ефикасни и целосни, а не половични решенија. Да почнеме да ги менуваме работите, за наше Скопје, за модерно Скопје, вели Арсовска!

Објавил: Перо Милчин | 23 октомври, 2021 14:51

Арсовска: Мора да има системски решенија за загадувањето

Фото/Текст извор: ©магазин

На скопјани им е доста од оправдувања дека нема време нешто да се среди. Скопје не е чист еколошки град и загадувањето во Скопје сеуште е тема меѓу скопјани.

Во програмата за модерно Скопје планираме формирање на зелен совет со експерти за животна средина и претставници од невладиниот сектор каде ќе се разгледуваат сите прашања од областа на екологијата и урбаниот хаос во Скопје.

Ќе се отвори и зелена линија каде граѓаните ќе може да пријават загадување и инциденти поврзани со животната средина, а инспекциските и интервентните тимови ќе преземат акција веднаш без одложување.

Уште во првите 82 дена од мандатот ќе ги исчистиме дивите депонии каде се согорува опасен отпад. Ќе набавиме 250 еколошки автобуси и ќе го олесниме пристапот до јавниот превоз, со бесплатниот и квалитетен јавен превоз се очекува намалување на користењето на автомобили и сообраќајниот метеж. Ќе бидат воспоставени повеќе пешачки зони во општините, каде што пешаците и велосипедистите ќе имаат приоритет пред автомобилите. Секоја година ќе бидат засадени 100.000 нови дрвја за да го зголемиме зеленилото во градот,нема повеќе да се сечат дрвја ниту во центарот ниту на било кое друго место во градот. Ќе иницираме закон за заштита на Водно и ќе се отпочне со продолжување на жичарницата, вели Арсовска кандидат за градоначалник на град Скопје!

Со работа за конечна реализација на гасификацијата ќе се овозможи еколошко решение за скопјани. Дополнително, ќе се реализираат 5 нови мега паркови.

Потребни ни се ефикасни и целосни, а не половични решенија. Да почнеме да ги менуваме работите, за наше Скопје, за модерно Скопје, вели Арсовска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

„Од тој момент оценувам дека дотичниот пратеник не е член и заменик на Движењето БЕСА, согласно одлуката што ја донесов како претседател на оваа партија и ваквата состојба ќе остане сѐ додека остануваат аргументите и факторите – дека на дотичниот пратеник му е забрането и спречено да гласа согласно потписот што го дал“, рече Касами

Кастриот Реџепи отстранет од БЕСА

Лидерот на Движењето БЕСА, сега и градоначалник на Тетово, Билал Касами, вели дека пратеникот...

Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека комуницираат со сите партии од опозицискиот блок, со исклучок на Левица - децидни се дека нема ни да стапат во контакт со партијата на Апасиев.

ГРУБИ: ЗА МНОЗИНСТВО СЕ ПРЕГОВАРА СО СИТЕ, ОСВЕН СО ЛЕВИЦА

Владејачките коалиционери, оптимисти – ќе го шират владејачкото мнозинство. Ширум...

Нејзиниот сопартиец и колега во Собранието, Александар Николоски, денеска соопшти дека прашањето за доверба во Владата е доставено до Собранието, со 61 потпис.

Ќе гласаат ли и пратеници во скафандри за недоверба на Владата?

Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија, според информации на 360, е во изолација од петокот,...