Денес е нов почеток на следниот круг на избори и затоа тука не смееме да застанеме, потребна ни е промена веднаш.

Објавил: Перо Милчин | 18 октомври, 2021 21:44

Арсовска: На скопјани им е преку глава од празни ветувања

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Скопје денес го огреа сонце. Денес скопјани ја донесоа големата победа во Скопје за водство во првиот круг. Голема победа која покажува дека во Скопје е време за промени. Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат, а не остваруваат.

На овие избори важно беше да се обединиме и да успееме да донесеме промени за поубаво Скопје.

Заедно ќе го направиме Скопје модерна метропола и здружени со иста цел – ќе успееме да го направиме Скопје подобро место за живеење.

Изразувам голема благодарност до сите вас кои ја поддржавте мојата визија за современо и модерно Скопје, но и до вас кои што ја исполнивте граѓанската должност и демократското право и излеговте на гласање.

Денес е нов почеток на следниот круг на избори и затоа тука не смееме да застанеме, потребна ни е промена веднаш.

Ве повикувам во вториот круг да излезете во уште поголем број сите вие кои сте незадоволни од градоначалникот во заминување, затоа што Скопје и скопјани не треба ниту ден повеќе да живеат во нечистотија, сообраќаен и урбанистички хаос.

Фејсбук статус на Данела Арсова кандидат за градоначалник на Скопје

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Ахмети рече дека таквите изјави не се според принципите и каузата на ДУИ.

„Таквите изјави не се според принципите и каузата на ДУИ“, рече Ахмети.

Претходно од Македонски Телеком се оградија од приватниот став на Дардишта.

Ахмети: Изјавите на Дардишта не се според принципите на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска го коментираше „Фејсбук“ статусот на Шкодране...

- Што сакате можете да правите, кумановци се решени, ќе победат денеска и ќе ја вратат демократијата назад кај граѓаните. Кумановци се со нас!

РЕЖИМСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ОКУПИРА КУМАНОВО: Уцени и притисоци на денешното гласање

Како што и очекувавме, уште побрутално од првиот круг, МВРО2 во Куманово е трансформирано...