Таа се заблагодари на сите за поддршката од граѓаните но и на и ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците, Алтернатива и на сите останати партии, движења, невладини организации, и напомена дека очекува уште поголема поддршка и во вториот круг.

Објавил: Сара Фемина | 18 октомври, 2021 15:44

Арсовска соопшти дека е во предност со околу 5334 гласа пред Шилегов

Фото/Текст извор: ©магазин

– Водството во овој прв круг од се она што е пресметано од ДИК, е 5334 гласа за независната кандидатура за мене како градоначалник на Град Скопје и со ова водство, со оваа значителна предност влегувам во вториот круг. Убедена сум дека во Скопје следат навистина убави промени градот да биде модерна метропола каква што скопјани заслужуваат, рече Арсовска.

Таа се заблагодари на сите за поддршката од граѓаните но и на и ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците, Алтернатива и на сите останати партии, движења, невладини организации, и напомена дека очекува уште поголема поддршка и во вториот круг.

– Денес скопјани ја донесоа големата победа во Скопје за водство во првиот круг. Голема победа која покажува дека знаеме дека во Скопје е време за промени. Им благодарам на сите оние кои ја дадоа својата поддршка и кои го дадоа својот глас за мене и за мојата програма. Благодарам за поддршката воедно меѓутоа најмногу благодарна сум на сите вас – граѓаните на Скопје. Се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат а ништо не остваруваат, рече Арсовска.

Таа посочи дека на овие избори најважно беше да се донесат промените за поубаво Скопје. Напомена дека е позитивно изненадена и од неколкуте граѓански иницијативи кои станаа дел од Советот на Градот Скопје и дел од советите на општините во главниот град.

Според неа, настапот и програмите на сите овие кандидати внесоа една свежина во оваа трка и внесоа нова енергија на овие локални избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Сулејмани кажал дека прво се слушнал удар во банкината, па потоа експлозија, најверојатно од гумата, по што пожарот започнал брзо да се шири од предниот дел. И покрај тоа што бил повреден, тој им помагал и на неколкумина други патници што побрзо да излезат од опожарениот автобус.

Очевидци за последните минути од несреќата – како се спасија седум патници од автобусот

Во тек е истрагата за несреќата во која загинаа 45 патници, а седум лица се повредени...