Арсовска вети многу а не сработи ништо

Објавил: Македонка Димкин | 22 декември, 2023 8:59

Арсовска со реакција по повод иницијативата за смена на градоначалници

Фото/Текст извор: ©Магазин

Во текот на вчерашниот ден ЛДП излезе со иницијатива измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници. Според нив ова што се случува во главниот град е знак дека треба да има механизам отповикување на градоначалниците.

Според нив главен мотив е лошото менаџирање на Скопје од страна на градоначалничката Арсовска.

– “Со длабоко разочарување и загриженост ја гледам сегашната состојба во нашиот главен град. Паметам поубаво Скопје, град на светлина, култура и зеленило, а не град кој сега е завиен во темнина и се гуши во смет. Се чини дека сегашните локални власти се оддалечиле од основните потреби и желби на своите граѓани. Некогаш, Законот за локална самоуправа од 1996 година оставал законска можност за граѓаните активно да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нивните животи, вклучително и механизмот за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година беше избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалници“, рече претседателката Зајкова.

Реакција стигна и од Препотентната Аросовска која само благодарение на подршката на ВМРО – ДОМНЕ постана градоначалник.

Таа за  Телма таа изјави дека ова е крајно несериозна иницијативата и нема да коментира иницијативи од сателит партии.

Несериозно е да коментирам изјави на сателит партии, особено на партија од чии редови произлегуваат кадри кои никој не ги препознава во политиката, па на овој начин се обидуваат да се профилираат. Иницијативата е крајно несериозна и укажува на основни непознавања од страна на пратеник, кој би требало да знае дека, законите немаат ретроактивна примена, а кога веќе измислуваат иницијативи, нека ги покренат и за пајтон пратениците кои менуваат дрес согласно моменталните прилики од лукративна природа.„ реагира Арсовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Манастирот после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. А најзаслужен за подигањето на целиот манастирски комплекс е македонската музичка легенда Тоше Проески.

Се исполни желбата на Тоше: Осветен манастирот Свето Преображение Господово во Крушево

Манастирот после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. А најзаслужен...