
Македонија
Вести
Во вечерашното гостување Само Вистина, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, говореше за денешните протести организирани од неговата партија, и воедно посочи дека нема да запрат додека не се бутне власта, бидејќи како што вели се се случува по изборите, ставајќи акцент на поскапувањето на струјата.
-Апсолутно навремени, во време кога реално се случува хаос во секој сектор во државата, во време кога граѓаните тонат во сиромаштија буквално немаат леб да јадат. Се случува веднаш по изборите поскапување на струјата и во моментов имаме најскапа струја во Европа, а најсиромашен народ.Во однос на тужбата која што беше најавена доколку СДСМ не се извини ние стоиме на тој став и ќе биде поднесена тужба. Сега веќе е поднесена само опомена, односно е побарано јавно извинување, доколку не се извини партијата, ќе биде поднесена тужба од едноставна причина бидејќи тоа не е така како што се наведе во утринското соопштение на СДСМ, потенцираше Арсовски.
Арсовски рече дека сега во време на пандемија, кога земјата е во економска криза грашаните не би можеле да го издржат и поскапувањето на струјата.
Воедно на денешните протести лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека ова е првиот од серија протести што ќе се одржуваат како што вели против „мафијата“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.