Македонија
Политика
Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеник од ДУИ, Артан Груби коментирајќи го годишното обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Собранието, рече дека единствено добро е што ова е негово последно обраќање.
Најдобрата вест што можам да ја соопштам е што Иванов брои ситно. Несреќата на оваа држава си оди наскоро, рече пратеникот од ДУИ, Артан Груби.
„На Иванов би му завидел и Чарлс Бојкот. Затоа за нас прифатливо е глаголот бојкотирам да го замениме со Иванов. Тој со своите недела се надмина себе си.

Го прекрши Уставот на сите нивоа. Затоа на Иванов единствено што може да му кажеме е чао“, рече Груби по годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред пратениците во Собранието.
Инаку на собраниската седница на која се обрати претседателот на Република Македонија, пратениците на ДУИ не присуствуваа.
Артан Груби е основач на најголемата и најуспешната Албанска невладина организација РАЗБУДИ СЕ! која што ги постави темелите на Албанско цивилно општество во Македонија.
Артан Груби е познат и по тоа кога во полна сала во Борис Трајковски во предизборието скандираше „УЧК, УЧК„, За помладите генерации, УЧК е терористичката организација создадена и потпомогната од западните сили во 2001 година која што подоцна пак под притисок на западот се преточи во мирна и просперитетна партија која се бори само и само за правата на Албанското малцинство. Груби актуелно без никакво искуство е ставен за претседателот на Комисијата за европски прашања, и не по случајност сите противуставни закони кои ги донесе актуелната власт беа протуркани токму преку оваа Комисија со која раководи
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.