Објавил: Узунов Бобан | 17 јануари, 2019 12:01

Артан Груби повторно со провокации ?

Фото/Текст извор: ©

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во синоќешното гостување на „24 анализа“ на ТВ 24, симболизираше „летање на орел“ и упати и критики кон македонскиот репрезентативен ракометар, Стојанче Стоилов, кого го нарече играчот со број 5!.

Груби инсистираше дека сѐ е во ред со начинот на кој челниците на ДУИ го слават Законот за јазици. Тој сѐ сведуваше на емоции и чувства , право на Албанците, но не прифаќа дека ова буди неубави чувства кај остатокот од граѓаните, бидејќи е асоцијација на голема Албанија, па и самиот го покажа орелот среде емисија.

Артан Груби е познат по провокации по однос на меѓуетничките односи ? Имено за време на изборна кампања во салата Борис Трајковски извикуваше УЧК, а беше поврзан и со меѓуетничкките судири на Кале пред неколку години

-Не знам каде го гледате тој национализам и зошто тие „орли“ ви пречат. Тоа не е Голема Албанија. Ме повредува ракометарот на којшто му пречи албанскиот јазик, истакна Груби.

Претходно кога се објави Законот за двојазичност во службен весник тој и порача на опозицијата која  целиот период се противи на истиот, ВМРО-ДПМНЕ да го преведе на албански и таква табла да постави пред своето седиште.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести