Груби: Сите институции во земјава мораат да го почитуваат Законот. Но токму тој, законот единствено не важи за функциониертие од ДУИ

Објавил: Македонка Димкин | 15 јануари, 2019 15:14

Артан Груби со провокација: ВМРО-ДПМНЕ веднаш да го напише името на Албански!

Фото/Текст извор: ©собрание / магазин

Артан Груби, човекот кој во 2016 вo салата Борис Трајковски скандираше УЧК, УЧК, денес им порача на ВМРО-ДПМНЕ да бидат први меѓу тие кои ќе го применат Законот за употреба на јазиците, кој утринава беше објавен во Службен весник. Тој испровоцира дека  ВМРО-ДПМНЕ името на својата партија треба веднаш да го напише и на албански јазик.

На прес конференција во Собранието, Артан Груби рече дека Законот за јазици (мисли на својот Албанскиот) од денеска стапува на сила и дека институциите веднаш и безодложување треба да да ги применат законските одредби. За разлика од претходното законско решение, рече дека новото предвидува формирање на Инспекторат кој ќе ја контролира примената на Законот а тоа секако подразбира и санкции и казни.

Сите институции во земјава мораат да го почитуваат Законот. Нелегитимниот претседател во заминување има уште два месеци во неговата канцеларија. Да појаснам тој има законска обврска да го потпише само прогласот на законот, додека самиот закон се потпишува од претседателот на Собранието. Објавата на законот заедно со законот за ратификација на договор со Грција е целосно согласно законите. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ пред нивното седиште и на албански јазик – рече Груби.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести