Сопартијците

Објавил: Калина Мартинска | 12 декември, 2024 15:05

„Артан се издвојува од другите, не носи одлуки за личен интерес“ – Бектеши го бодри Груби

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, застана во одбрана на сопартиецот Артан Груби, кој се најде на т.н. „црна листа“. Статусот на Бектеши може да се сфати и како тешење на Груби, а откако тој реши да се повлече од јавниот живот, но не и партискиот.

„Тие што го познаваат Артан, добро знаат дека тој носи одлуки од општ интерес, а не од личен! Така е и оваа одлука полна со храброст, каде семејството е пред се. Артан се издвојува од многу други кога е време за големи одлуки. И покрај се, за мене и јас верувам дека и многу други кои те познаваат колегијално но и приватно, продолжуваш да бидеш вредна личност со високи доблести“, напиша Бектеши.

Инаку, Груби објави ферман каде посочи дека е чист како солза, но дека ќе се повлече од јавниот живот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.