Тој додава дека цената на лебот не треба да се зголеми до крајот на јануари следната година.

Објавил: Сара Фемина | 18 септември, 2021 15:16

Асоцијацијата на земјоделците е против зголемувањето на цената на лебот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Асоцијацијата на земјоделци на Македонија не се согласува и остро реагира на најавата за зголемување на цената на лебот и на белите печива.

Како што вели претседателот на Асоцијацијата, Перо Стојкоски нереално е барањето на мелничарите да се зголеми цената на лебот при откупена пченица по 10,5 денари за килограм и со домашни потреби доволни до крајот на годинава.

 Остро ќе се спротивставиме зашто до крајот на јануари наредната година, за потребите имаме домашна пченица од 26 милиони килограми, откупена по 10, 5 денари за да се заштити домашниот стандард. Пченицата речиси 80 отсто е веќе откупена по цена од 10, 5 денари за килограм. Верувам дека е и исплатена, но, уште при откупот реагиравме дека цената на пченицата е ниска. Но, таа наша реакција не беше прифатена со објаснување дека имаме евтин и квалитетен леб. Имајќи предвид дека и ние сакаме да имаме евтин леб, ја прифативме таа цена од 10,5 денари за килограм. Откупот на пченицата заврши, сега веќе имаме најава за зголемување на цената на брашното, на лебот и на белите печива, но и за зголемување на цената на откупот на пченицата. Но прашуваме која пченица, која е веќе откупена. Во земјава немаме потреба за увоз на пченица до крајот на јануари наредната година. Дотогаш имаме наша пченица откупена по 10,5 денари и дотогаш не треба да се зголемува цената на лебот – вели Стојкоски.

Тој додава дека цената на лебот не треба да се зголеми до крајот на јануари следната година.

– Дотогаш најостро реагираме да нема зголемување на цената на лебот и на белите печива, зашто, нашата пченица е откупена по 10,5 денари и имаме пченица до крајот на јануари 2022 година. Потоа, може да се зголеми цената на лебот и на белите печива, на што инсистираат мелничарите, за онолку колку самите мелничари ќе ја преземат. Ако тие имаа намера во меѓувреме да ја зголемуваат цената на лебот, тогаш зошто не натераа да ја прифатиме оваа откупна цена од 10, 5 денари за килограм. Ако предвреме сакаат повисоки, цени, тогаш ние ќе побараме дополнително на 10,5 денари да ни се доплатат уште 5 денари. Но имајќи го предвид стандардот во земјава, се согласивме на оваа откупна цена. Во земјава се засејуваат 74 000 хектари, во просек по 3 тона од хектар, имаме 260 милиони килограми пченица. За да ги задоволиме потребите, ни се потребни околу 450 милиони килограми пченица – вели Стојкоски нагласувајќи дека се подготвени да им ги изнесат аргументите на мелничарите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...