Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако еуфоријата за празниците е присутна како кај децата така и кај возрасните. Секој сака да го украси својот дом и за момент да се почувствува како да владее новогодишна Бајка.
Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот.
Ова цвеќе може да се најде во различни бои кои варираат од нежна беж до најпрепознатливата црвена како крв боја.
Божиќното цвеќе е тропско растение кое потекнува од Мексико или Централна Америка.
Она што е особено важно за ова цвеќе е дека не цвета во текот на целата година, па кога ќе му опаднат листовите тоа не значи дека е крај.
Многумина и не знаат како точно се одгледува па во продолжение прочитајте неколку трикови.
Кога Божиќното цвеќе ќе прецвета, треба да го преместите во малку постудена просторија и да престанете да го налевате. Сепак, по периодот на мирување, ова цвеќе ќе биде подготвено за новата сезона ако го негувате правилно.
Додека цвета, растението треба да го чувате во малку постудена просторија на температура од 12 до 14 степени целзиусови, затоа што во потопла просторија брзо ќе прецвета.
Растението го бара најсветлото место (на прозорецот) и влажен воздух, а тоа се однесува на централното греење каде температурата е повисока. Кога ќе прецвета, односно кога ќе и отпадне цветот, растението можете да го префрлите во малку постудена просторија. Најпогодната температура е од 10 до 12 степени. Тогаш престанувате да ја налевате, па растението ќе ги отфрли лисјата, што значи ќе настапи мирување.
Во април растението треба да се пресади во свежа, хранлива земја со 15 отсто чист речен песок.
Кога ќе го пресадувате цвеќето, добро е гранчињата да ги скратите на должина од околу 10 сантиметри. Местото каде што сте го исекле цвеќето запрашете го со дрвен јаглен или запечатете го со восок од запалена свеќа, за да не истече млекото. Ако истече млекото од растението, тешко дека тоа повторно ќе цвета.
На пресаденото растение обезбедете му светлина и топло место, во близина на прозорец или на прозорецот, а на почетокот налевајте ја внимателно. Кога ќе почне да пушта нови гранчиња залевајте ја обилно и тоа секогаш со млака вода.
Кон крајот на јуни можете да ја изнесете надвор на сончево место. Со оглед на тоа дека растението е во полн раст, секои 15 дена треба да го потхранувате. До есен таа ќе пушти цврсти гранчиња. Кога ќе натсапат постудените денови, растението треба да го внесете во потопла просторија, на полна светлина на прозорецот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.