Меѓу жртвите има жени и деца, пренесува „Раша“, додавајќи дека бомбата била прикачена на полициски автомобилот што се наоѓал во близина на митингот.

Објавил: Весна Петровска | 17 септември, 2019 12:05

АТЕНТАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АВГАНИСТАН? 24 мртви при експлозија за време на говорот на Гани

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се повредени кога експлодира бомба во близина на предизборниот митинг што го одржа авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Меѓу жртвите има жени и деца, пренесува „Раша“, додавајќи дека бомбата била прикачена на полициски автомобилот што се наоѓал во близина на митингот.

Според извештаите на медиумите, најмалку 24 лица загинале, а повеќе од 30 се повредени.

Медиумите објавија дека целта можеби бил претседателот.

Експлодира бомба за време на говорот на претседателот – има загинати

Тој не бил повреден во експлозијата и бил однесен на безбедно место, а „Раша“ пишува дека тоа е првиот терористички напад на настан на кој присуствувал и самиот претседател.

Пред неколку месеци претседателот порача дека Мирот нема да биде само на хартија.

– „Мирот ќе стапи во Авганистан“, порача претседателот на оваа земја, Ашраф Гани, велејќи дека Авганистанците можат сами да го бираат својот претседател, додавајќи дека право на тоа немаат Исламабад, Техеран и Москва

Тој смета дека економијата на Авганистан ќе се развие не со помош на странските земји, туку со сопствено производство и големи проекти кои ќе се реализираат во земјата.

Гани истакна дека земјата конечно треба „да застане на сопствени нозе“.

Авганистан е држава во Средна Азија. Се граничи со Пакистан на југ и исток, со Иран на запад, со Туркменистан, Узбекистан и Таџикистан на север и има тесна граница со Кина на исток. Главен град е Кабул.

Авганистан е основан во 1747 година, а е меѓународно признат во денешните граници во 1919 година. Во 1973 година е соборена монархијата, а во 1978 година власта ја преземаат комунистите. Од 1979 година Авганистан е сцена на серија вооружени конфликти, започнувајќи со Советската инвазија, преку граѓанската војна, до соборувањето на Талибанскиот режим во 2001 година од страна на меѓународните трупи предводени од САД.

Површината на Авганистан изнесува 625.090 км2.

Валутата на Авганистан се нарекува авган.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ја победивме битката со злобниот вирус во Црна Гора, рече премиерот Душко Марковиќ на прес-конференција.

СТОП ЗА СРБИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Од 1 јуни се отвораат границите, но не и за СРБИЈА!

„Ја победивме битката со злобниот вирус во Црна Гора, рече премиерот Душко Марковиќ. Премиерот...

Патем, треба да се потсети на неодамнешната анализа на Си-Ен-Ен, во која се вели дека пандемијата на вирусот корона ги забрза промените во рамнотежата на глобалната моќ, што се случуваат на штета на Соединетите држави.

ТРАМП ОТКРИ БОЛНА ВИСТИНА ЗА СЕБЕ, ПУТИН И КИНА: Американскиот претседател повеќе не можеше да молчи!

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека рускиот претседател Владимир Путин...

На почетокот се чинеше дека животот зад затворени врати ќе трае многу долго, можеби дури и до крајот на летото, но тогаш ситуацијата одеднаш се смени и мерките полека се олабавуваат. Најстрогите мерки се укинати во Германија, Шпанија, Грција и во други земји. Но, се зголемуваат загриженоста дека светот би можел да биде погоден од друг бран инфекции.

ВТОРИОТ БРАН Е НЕИЗБЕЖЕН: Стручните лица предупредуваат- коронавирусот можеби и никогаш нема да исчезне!

Додека мерките воведени како резултат на вирусот корона полека се намалуваат, Светската...