Се надевам дека после ова ќе заработи, тоа секако зависи од дистрибутерот „Неон“ кој ги има овие права, вели Горјан Тозија- Медо, директор на Агенцијата за филм.

Објавил: Перо Милчин | 9 февруари, 2020 14:47

АТИЏЕ НА ВРВОТ ДО СВЕТСКА СЛАВА: Еве колку пари заработи “МЕДЕНА ЗЕМЈА” во Америка!

Фото/Текст извор: ©женски магазин

Сите сме во исчекување дали „Медена земја“ на Ноќта на оскарите ќе испише историја.

За прв пат во постоењето на македонската кинематографија еден филм е претставен со две номинации за престижната награда Оскар и за прв пат во постоењето на манифестацијата, документарен филм се бори за награда и во категоријата за најдобар странски филм, објави Женски Магазин.

– Очекувам дека ќе оствариме голем успех. Јас се надевам на победа во двете категории, но ќе бидам задоволна и ако земеме еден Оскар, пола-пола, како и со медот и пчелите- одговори Атиџе пред заминувањето во Холивуд.

-Знам дека документарецот „Медена земја“ заработи на кино благајните од прикажувањето во САД над 750 илјади долари. Од оваа сума се одбива данок и делбата со кино мрежите, а инвестирани се во промоцијата на филмот.

Да се стигне до номинации, освен што е важно да имате одличен филм, мора да се вложат многу пари. Повеќе е вложено е во филмот да стигне до тука отколку што тој има приход од дистрибуција. Се надевам дека после ова ќе заработи, тоа секако зависи од дистрибутерот „Неон“ кој ги има овие права, вели Горјан Тозија- Медо, директор на Агенцијата за филм. 

Република Македонија е најпребаруваната локација на „Гугл“ поврзана со доделувањето на Оскарите.

„Галуп трендс“ на социјалната мрежа „Твитер“ објави дека татковината на „Медена земја“ кој е номиниран до две категории за „оскар“ е топ место на Земјата, според пребарувањата за наградите.

Од другите најпребарувани зборови поврзани со оскаровското шоу закажано на 9 февруари најгуглан е јужнокорејскиот филм „Паразит“.
Најпребарувани прашања поврзани со Оскарите се кога ќе се случат и за што има добиено оскар легендарниот кошаркар Коби Брајант.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски.

Ана Дурловски во Женева: Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските...

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна.

Холивудската ѕвезда од Атиџе доби МЕД: Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“

Легендарната холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм се пофали дека...

Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Се огласи тимот на “Медена земја”: Ви благодариме што верувавте во нас – Атиџе ни беше ѕвезда водилка

Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои...