- Јас сум скромна личност. И да ми помогнат со чаша вода, јас ќе бидам задоволна - вели Атиџе, на која како протагонистка во документарец не ѝ следува хонорар.

Објавил: Сара Фемина | 23 јануари, 2020 17:52

Атиџе пред заминувањето за Америка: „Можеби Бред Пит ќе сака мене да ме запознае“

Фото/Текст извор: ©женски магазин

Атиџе Муратова (56) е спремна за Холивуд. Се надева дека Холивуд е исто така спремен за неа и за „Медена земја“ откако документарецот за нејзиниот фасцинантен живот како пчеларка која одгледува диви пчели во зафрленото напуштено овчеполско село Бекирлија, победи на фестивалот „Санденс“ во САД и освои највисоки меѓународни признанија и одлични критики.

За црвениот килим на Оскарите на 9 февруари во Холивуд ѝ се шијат специјални традиционални шалвари во жолта и виолетова боја, а за машкиот дел од екипата – смокинзи со пеперутка вратоврска, со дизајнерски потпис на ателје „Кокев“.

– Очекувам победа и два Оскара – оптимистична е Атиџе пред тргнувањето за Америка, на најпрестижното филмско доделување во светот. На денешната кратка средба во МКЦ, специјално за „Женски магазин“, главната хероина, без никаква трема и со широка насмевка, откри дека одвај чека да прошета по црвениот килим со останатите светски ѕвезди.

За црвениот килим на Оскарите на 9 февруари во Холивуд ѝ се шијат специјални традиционални шалвари во жолта и виолетова боја, а за машкиот дел од екипата – смокинзи со пеперутка вратоврска, со дизајнерски потпис на ателје „Кокев“.

На прашањето кој актер или актерка сака да ги запознае, дали е тоа Бред Пит, таа шармантно ни одговори: „Можеби Бред Пит ќе сака мене да ме запознае“.

Иако е во центарот на медиумското внимание со документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој е номиниран во категоријата за најдобар документарец и како прв документарец во историјата на доделувањето кој е во трка со играни филмови од неанглиско говорно подрачје, вели, убаво се чувствува.
За различните коментари во јавноста и на социјалните мрежи и позитивни и негативни, таа вели дека животот го гледа само од позитивна страна.

За социјалната помош што ја добива од сите страни, таа вели дека е добредојдена.

– Јас сум скромна личност. И да ми помогнат со чаша вода, јас ќе бидам задоволна – вели Атиџе, на која како протагонистка во документарец не ѝ следува хонорар.

– Јас сум скромна личност. И да ми помогнат со чаша вода, јас ќе бидам задоволна – вели Атиџе, на која како протагонистка во документарец не ѝ следува хонорар.

Со „Медена земја“ прв пат излезе од границите на Македонија.

– Го видов Сараево, бевме во Аланија во Турција, ги видов лебедите во Швајцарија. Ја видов и Америка. Од високите згради и големите рекламни паноа, не можев да ги видам небото и ѕвездите – искрена е Муратова.

Таа и понатаму останува да живее зимава со болниот брат во своето родно село Бекирлија, иако во соседното село Дорфулија ја чека нов дом. И понатаму ќе собира мед.

– Се зависи од природата. Можеби ќе собереме 60, 80 или 100 кила. Доволно за да ја преживееме зимата – вели Атиџе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Како дете ги обожавав приказните. Немаше приказна што ја немав гледано и снимено на видео лента. Ги знаев сите реплики напамет.

ВЛАДО ДОЈЧИНОСКИ ЗА МАГАЗИН: За успехот треба да одвоите време и да учите од подобрите од вас!

Познатиот македонски актер Владо Дојчиноски, познат по своите улоги во македонските...

Постојат вакцини против коронавирус кои влијаат врз животните, но не и коронавируси кои влијаат врз луѓето.

ШОК ИНТЕРВЈУ СО ПРОФЕСОР ОД ИЗРАЕЛ: Открива дали од КОРОНА ќе бидат МРТВИ МИЛИОНИ ЛУЃЕ!

Исаија Аркин е професор по структурна биохемија на Еврејскиот универзитет во Ерусалим,...