Македонија
Вести
Денеска главната протагонистка на Медена Земја, Атиџе Муратова на денешната прес-конференција преку видео врска од Холивуд порача дека сака малку да здивне.

Сакам малку да ме остават на раат од интервјуа. Со пчелите си имам работа, порача Атиџе.
Таа рече дека и се допаѓа во Лос Анџелес, а најмногу му се радува на океанот.
– Супер си поминувам овде. Најмногу му се радував на океанот. Утре се враќам назад. Но сакам малку да ме остават на раат. Си имам јас работа со пчелите, рече Муратова.
Таа утрово со песна ја поздрави Македонија од Лос Анџелес.
Инаку Атиџе постигна голема слава во Холивуд. Таа со својата искреност и чесност успеа да стигне далеку и за неа и работата со пчелите да слушне целиот свет.
Филмот „Медена земја“ кој е дело на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов освои многубројни награди на престижни филмски фестивали низ светот.Овој македонски документарец беше номиниран и за Оскар, во категориите Најдобар документарец и Најдобар странски филм. Главната порака во филмот ја испраќа токму Атиџе, одгледувачка на диви пчели испрати силна порака за важноста на здравата и чиста животна средина и за зачувување на рамнотежата во природата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.