На јутјуб се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, како бара контакт со Вице Заев и се заканува ако не се заврши работата дека ќе крварат сите. Според она што се слуша од материјалот поставен на Јутјуб, се заканува дека доколку не дојде до договор ќе „бомбардира“ со материјали од Бугарија како Ким Јонг, но се открива и блискоста и координираноста со опозицијата.

Објавил: Валерија Петрова | 7 декември, 2019 12:20

(АУДИО) НОВИ СНИМКИ ЗА РЕКЕТ: Ако треба крв, и крв – нема да дозволам да ми го Газат достоинството!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Случајот „Рекет“ го зазема најголемото внимание во Македонија, по второто рочиште на кое сведочеше и бизнисменот Орце Камчев кој се изјасни како жртва на криминалната банда на Катица Јанева и Бојан Јовановски добива нови размери.

 

На јутјуб се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, како бара контакт со Вице Заев и се заканува ако не се заврши работата дека ќе крварат сите. Според она што се слуша од материјалот поставен на Јутјуб, се заканува дека доколку не дојде до договор ќе „бомбардира“ со материјали од Бугарија како Ким Јонг, но се открива и блискоста и координираноста со опозицијата.

-Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде.
Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив.

 

 

 

Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни. Јавната обвинителка Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште рече дека жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓани на оваа држава.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави Рускоска.

Првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 во Судот кажа дека живеел за денот кога ќе може да зборува, зашто е цел на јавен линч пет месеци за монтиран случај наречен „Рекет“. Второобвинетата Јанева, пак, рече дека не се чувствува виновна и дека е горда на СЈО и тимот што го водела четири години.

Случајот „Рекет“, во кој Камчев бара отштета од еден и пол милион евра, за што Рускоска рече дека во случајов не може да има оштетени, туку за сведоци, го отвори Јавното обвинителство по пријава на премиерот Зоран Заев.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.

Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се работи за компанијата Блацион регистрирана во Буграија, во која содружници се и двајца италијански државјани. Испраќачот е фирмата „Дентиче Пантелоне” од италијанскиот град Авелино.

Директорот на Дрисла внесувал сомнителен отпад од Италија

Софиска фирма на Двајца Македонци Блаже Игнатовски и Горан Ангелов се најде под истрага...

Тој истакна дека во моментов барем еднаш неделно партиските работни групи имаат средби за Изворниот законик, а разговараат и за Законот за ЈО.

Заев: Ќе седнам и со Мицкоски ако треба за да го донесеме Законот за Јавно обвинителство

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев би седнал да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Утре е Богојавление- сите немажени девојки треба да замесат тесто

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според...

Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Уапсениот “Пинк пантер“ во Тетово – ГО ИЗВРШИЛ ГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ ВО ПРО-КРЕДИТ БАНКА ПРЕД 10 ГОДИНИ

По 10 години бегство, лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на “Прокредит банка“...