На снимката се слуша како Мојсовски, кој важи за еден од најблиските луѓе до министерот, го уценува инспекторот од Охрид да укине одредена концесија, а доколку не го стори тоа го принудува да си поднесе оставка.

Објавил: Сара Фемина | 12 јануари, 2020 13:07

(АУДИО) СКАНДАЛ : Закани и уцени од кабинетот на министерот за земјоделие – откажи се заради фамилијата!

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Скандалозна аудио снимка од разговор помеѓу Томе Мојсовски, советник на министерот за земјоделие Трајан Димковски и лице вработено во инспектарот во Охрид – пристигна до редакцијата на „Економски Лидер“.

На снимката се слуша како Мојсовски, кој важи за еден од најблиските луѓе до министерот, го уценува инспекторот од Охрид да укине одредена концесија, а доколку не го стори тоа го принудува да си поднесе оставка.

Скандалозно е што директно од кабинетот на министерот, спротивно на законите се бара укинување на концесија, а доколку инспекторот тоа не го стори му се предлага да си даде оставка.

Социјалдемократот Мојсовски, во мафијашки стил, на подредениот му вели:

-Ако тоа не го направиш земи поднеси барање и поднеси оставка. Друго немам што да ти кажам брат, додека не дојдат некои поголеми работи, значи те молам зради тебе и зради фамилијата, утре ќе се сретнеме, ти си младо дете, јас сум повозрасен, молимте значи две работи ти кажав, прво се да исчистиш и од се да се оградиш и второ ако не можиш да се оградиш барај си ќаре дете ова не е добро, ниту за тебе ниту за… – вели Томе Мојсовски во снимката.

Инаку, Мојсовски е истакнат социјалдемократ, барем според она што може да се забележи на социјалните мрежи а во хиерархијата важи за еден од најблиските луѓе на министерот Трајан.
Во прилог целосниот транскрипт од разговорот, во кој се забележуваат сериозни кривични дела:

Лице: – Молим
Томе Мојсовски: Јоване
Лице: Еј
Томе Мојсовски: Што правиш
Лице: Повели Томе
Томе Мојсовски: Што правиш
Лице: Добар сум еве овдека во Охрид
Томе Мојсовски: Овде не слушам за некој број
Лице: да, да овој
Томе Мојсовски: Па не можам да го отворам телефонот тој ми е на …
Лице: овој го користам да ти кажам, другиот не
Томе Мојсовски: имам неколку работи што мораме да ги расчистиме пот итно
Лице: што требит, повели
Томе Мојсовски: Има две работи. Први работа е или да фатиш да ја средиш комплет постапката со надзорните контроли
Лице: Добро
Томе Мојсовски: А втората работа е ДА СИ ДАДИШ ОСТАВКА да не настанат поголеми промени тоа што те коментираат најдругарски ти го кажувам е голема опасност.
Лице: Кој к*р коментирање
Томе Мојсовски: Ова ти го кажувам другарски, јас не сум човек што сум те мразам, ниту пак сакам да те мразам …………….
Лице: Добро
Томе Мојсовски: Тоа што зборуваат дека имам против тебе нешто, јас немам, ова не би ти го кажал ако имав нешто против тебе
Лице: Добро
Томе Мојсовски: направи …………….. и од се да се оградиш и под итно да ја скиниш концесијата на концесионерот. Второ ако тоа не го направиш земи поднеси барање и поднеси оставка. Друго немам што да ти кажам брат, додека не дојдат некои поголеми работи, значи те молам зради тебе и зради фамилијата, утре ќе се сретнеме, ти си младо дете, јас сум повозрасен, молимте значи две работи ти кажав, прво се да исчистиш и од се да се оградиш и второ ако не можиш да се оградиш барај си ќаре дете ова не е добро, ниту за тебе ниту за …………… ниту за ………, ниту за државата наша. Значи ни бевме кај градоначалникот, бевме секаде, значи секаде си Јоване мој злато влезен, секаде си спомнуван Јоване, ти си дете младо, барај ќаре, јас ќе те поддржам ако поднесеш барањето за …………., јас ќе те поддржам нема никој да те чепне, а другото брат јас нема да те поддржам. Тоа другото нема јас да ти го поддржам. Молим те
Лице: чекај сега тоа е ако …
Томе Мојсовски: не чекам јас ти кажав
Лице: си правиме сега муабет
Томе Мојсовски: ќе правиме муабет кога ќе дојдеш у Скопје
Лице: готово во Скопје
Томе Мојсовски: ајде здраво
Лице: Ајде

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интерес.

*Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Некои од припадниците на МВР наместо во оваа тешка состојба да се грижат за јавниот ред и мир во време кога има полициски час, се решија од позиција на моќ да упатат закани.

„Седете дома клошари“: Полицајци на граѓаните се закануваат со пендрек и 10 години робија (ФОТО)

Две непознати лица облечени во полициска униформа се фотографирале на социјалните...

Со плата од 14.500 денари, за гелот за дезинфекција во оваа тешка ситуација поскапува секој ден од 310 денари до цена од 1600 денари.

СРАМОТА- КАДЕ СЕ ИНСПЕКЦИИТЕ? Гел за дезинфекција од 310 денари СКОКНА до 1600 денари(ФОТО)

Гел за дезинфекција по дел аптеки низ Македонија достигна цена од неверојатни 1600 денари. ...

Со тоа работодавците директно ја кршат Владината мерка, поточно одредбата “За да ги чуваат децата дома, платено отсуство и во државно и во приватно ќе добие по еден родител на помали од десет години.

ПАДНАА ПРВИТЕ ОТКАЗИ ПОРАДИ КОРОНА: Мајки барале слободни денови по закон, нo добиле ОТКАЗ

Адвокатката Весна Богова информираше на социјалните мрежи за давање откази од работа...