Живот
Интервју
Во вчерашното издание на емисија “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација, лошите владини мерки, како и за последните случувања со пасошите кои биле издавани на мафијаши, убијци и наркобосови.
Мицкоски потенцираше дека ова е афера од невидени размери и овој случај ја отсликува реалната состојба во Македонија во однос на криминалот и разрушениот безбедносен систем.
“Николовски ја манипулираше јавноста дека се бори против криминалот и корупцијата со тоа што заплени путер со поминат рок. Замислете, ова било голем криминал. Зошто Николовски не кажа ништо за овие 200 пасоши издадени на криминалци, убијци и наркобосови?”, додаде Мицкоски.
Власта секојдневно тоне и гази во жива кал. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно открива скандали и матни случаи поврзани со власта, која таа иако сака да ги сокрие, сепак излегуваат на виделина, истакна Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со објавување на вакви случаи, за јавноста да има јасна слика кој ја води државата цели 5 години, заврши Мицкоски.
Нашиот план со којшто излеговме пред граѓаните на избори во врска со изградбата на новиот Клинички центар, нашиот предлог е да го реновираме постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“, потоа да изградиме една зграда којашто ќе биде пред приватната болница „Жан Митрев“, со која што би ја поврзале Букурешт болницата и 8-ми Септември, тоа да стане Ургентен клинички центар, е сега прашањето е зошто тоа не е прифатливо, па ве охрабрувам да истражите дали некој можеби се обидува да ги продаде болницата Букурешт и 8-ми Септември, праша Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Интервју
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.