И понатаму поради зголемената влажност во воздухот очекуваме доста спарно и мачно време.

Објавил: Сара Фемина | 26 јуни, 2019 16:26

АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Почетокот на јули носи високи температури!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Африкански бран и претежно стабилно, суво и сончево време ни носи почетокот на новиот месец кој што ни следува, односно месец јули.

На почетокот од истиот се очекува пораст на температурите кој насекаде ќе се искачуваат над 30 степени односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени додека во најтоплите региони од сега гледано температурите на воздухот се очекува да се искачат и до 42 степени.

Инаку изминатиот период помина во знакот на доста нестабилно време со чести врнежи, грмежи и невремиња кој направија бројни штети низ државава и поплавија дворови и домови, најпогодени во изминатиот период од силното невреме се секако земјоделците каде врнежите од град им направија огромни штети врз земјоделските култури и посеви.

Конечно по долго време со многу врнежи и нестабилно време во следниот период ќе можеме да уживаме во многу сонце а на самиот почеток од јули месец и во Африканската топлина која не очекува и која ќе услови голем пораст на температурите на воздухот.

Да напоменеме дека и понатаму поради зголемената влажност во воздухот очекуваме доста спарно и мачно време.

Подготви: Славчо Поповски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Температурите на воздухот ќе бидат за пет до шест степени пониски во однос на оние кои ги имавме до вчера и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени.

Детална временска прогноза: Од денес пониски температури и северен ветер

Денес времето ќе биде сончево и малку посвежо за развика од изминатите денови со мала...

Освежување на времето ќе има утре доцна попладне и навечер кога ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

РЕКОРДНИ ТЕМПЕРАТУРИ: За викендот температурата и до 36 степени!

За време на овој викенд времето во државава ќе биде сончево и топло со умерена локална...

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен!

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност...

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Времето денеска: Сончево и топло со мала локална облачност

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе...