Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат да се превземат мерки за животните, односно навремено да се даваат доволни количини храна и вода за пиење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2019 15:16

АХВ со препораки: Внимавајте на храната, високите температури го зголемуваат ризикот од труење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Агенцијата за храна и ветеринарство со препораки до граѓаните, за престојниот период. Од таму велат дека на прагот од летото со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат да се превземат мерки за животните, односно навремено да се даваат доволни количини храна и вода за пиење.

-За да се спречи евентуална појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор и нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување на храната. При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната, да се купува храна од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди, наведуваат од АХВ.

Високите температури можат да доведат до труење од храна

Од Агенцијата апелираат купувачите да внимаваат на амбалажата, и да не купуваат и консумираат храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната).

Исто така советуваат доколку купувате производи разладени во фрижидер, тоа да го направите на крајот од пазарувањето бидејќи се работи за лесно расиплива храна како месо, млеко, јајца. Лесно расипливите производи да не се чуваат во автомобил. 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат да се чува храната на температура пониска од 5 степени целзиусови а храната која треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени.

Во овој период овошјето и зеленчукот се конзумираат обилно па поради тоа треба темелно да се измијат под млаз вода. Кога станува збор за лесно расиплива храна како месото, млекото и јајцата тие треба термички добро да се обработат.

За да се спречи појава на труење со храна и на стомачни инфекции, неопходно е рацете да се мијат повеќе пати во текот на подготовката. На најгорните полици во фрижидерот треба да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

За страствените пушачи тоа е една од најтешките задачи па затоа единствен начин е природен начин за детоксикација на организмот и заштита на организмот од некој вид на рак.

Докторите со совет до пушачите: Јадете ја оваа храна, го намалува ризикот од канцер

Доколку сте пушач и сакате да ги заштитите белите дробови од болест секако секој доктор...

Алкохолот директно предизвикува најмалку седум видови карцином, а опасен е дури и за луѓето кои уживаат во мали или умерени количини, предупредуваат научниците.

ШОКАНТНО: Сите го пиеме а не сме свесни дека предизвикува рак

Во најновото истражување објавено во научниот магазин „Адикшн“, постои поврзаност...

Интересно е тоа што овој пијалок е буквално 3 во едно, ги намалува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Витаминска бомба: Чудо од пијалок кој го намалува притисокот, килограмите но и го јакне имунитетот

За сите оние кои сакаат да симнат неколку килограми но и воедно да внесат разни витамини...

Откако добро ќе замрзне, извдете го и изрендајте. Можете да го посипете на салати, сладолед, супи, житарици, во вашиот омилен пијалок ...

Замрзнала лимон и секој ден го рендала во супа: По месец дена нејзиниот лекар не можел да поверува што се случило со нејзиното тело

Во најновото истражување се  докажа дека лимунадиди, природни состојки присутни...