Бил совесен и одговорен

Објавил: Калина Мартинска | 11 декември, 2024 11:29

Ахмети вели дека Груби сам ќе се повлече од сите партиски функции

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека одлуките на Американскиот Стејт департмент не се оспоруваат, но дека поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, има право на жалба и ќе го води процесот базиран на факти. Ахмети истакна дека оваа постапка нема да му наштети ниту на Груби, ниту на партијата или неговото семејство до моментот кога случајот ќе добие конечна разрешница.

На прашањето дали Груби ќе биде отстранет од партијата доколку се докаже негова вина, Ахмети потенцираше дека тој е совесен и одговорен и дека, во таков случај, сам ќе се повлече од сите партиски функции.

Артан Груби и судијата Енвер Беџети на црната листа на САД

-Господинот Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Северна Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведе платформата и избирачката програма на ДУИ, рече Ахмети.

И Ахмети со Села дојде пред Уставен, додека горе се расправа за спорниот Закон за јазици

Стејт департментот воведе санкции против Артан Груби и судијата Енвер Беџети за значителна корупција. Според соопштението, тие примале мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.