
Македонија
Вести
Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета дека Швајцарија од Ахмети побарала да си замине и му го прекинал азилот него – не не и на неговото семејство, водачот на терористите на ОНА, сега лидер на ДУИ и двократниот татко Али Ахмети инкасираше солидна инвалидска пензија, поточно околу 3.000 франци месечно, објави Насловна.мк.
ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.
Ахмети во Швајцарија замина кон почетокот на 80-тите години како и добар дел од албаските т.н. радикални интелектуалци кои своите дипломи си ги купија од Приштинскиот универзитет од каде делуваа на Балканот а во земјата се водеа како политички азиланти.
Причина зошто можеби Ахмети си молчи за политичкиот азил за политички прогон на Никола Груевски – нешто што и тој беше за време на СФР Југославија.
Имено дилемата која сите ја премолчуваат како ДУИ беше оној идеален, што потребен, што наметнат коалиционен партнер за формирање извршна власт е дали Али Ахмети сеуште ја има медицинската белешка за проценка на менталната состојба на ниво на дијагностицирана шизофренија?
Ахмети никогаш не приложил за кој степен на дијагностицирана шизофренија има документација но и дали за заболувањето конзумира соодветни лекарства и кога последно бил на лекарски преглед и проценка на моменталниот степен во развојот или подобрувањето на состојбата.
Иако во медицинската забелешка стои и забрана за труд т.е. работа поради дијагностицираното заболување ред е како политички лидер на партија да појасни за каков вид работоспособност важи забраната?
Она што е исто така симптоматично и сеуште се води за табу тема е што Али Ахмети има забрана за влез во САД но и Швајцарија и уште шест земји членки на ЕУ каде е на црната листа на непожелни лица по ставката “закана за општата безбедност”. Најчесто шизофренијата нема врска со оштата безбедност ако пациентот е соодветно третиран.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.