Тој се осврна и на делувањето на политичките опоненти кои, според не го коалицирале од непринципиелни интереси.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 октомври, 2021 5:44

Ахмети: За овие дваесет години сме направиле многу за сите

Фото/Текст извор: ©магазин

Потребно ни е владеење на правото, чиста животна средина, бидејќи без нив ЕУ нема да ги отвори вратите и затоа треба да се мобилизирате за гласањето в недела, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој на предизборен собир ја побара поддршката на жителите од гостиварското село Дебреше.

Тој се осврна и на делувањето на политичките опоненти кои, според не го коалицирале од непринципиелни интереси.

– За овие дваесет години сме направиле многу за сите. Не знам како другите излегуваат да кажат дека ВМРО нè поддржува, а тие се со ВМРО во моето Кичево и Гостивар. До вчера се навредуваа, а денес се здружени заедно. Потребна е комуникација, но не и поддршка од нив. Сакаме целосна еднаквост без предрасуди. Ценам дека вие ќе одлучите за сите околу илјада гласови во Дебреше и мораме заедно со Невзат Бејта да се ангажираме Дебреше да ги придвижи работите на подобро, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Тој зборуваше и за постигнатите успеси како партија изминативе години и ги нагласи три универзитети, употребата на јазикот, правичната застапеност.

Според Ахмети, ДУИ отвориле ново поглавје „зелена агенда“ во која покрај прогласувањето на Шар Планина за национален парк влезени се и Коридорот 8 гасификацијата и повеќе капитални инвестиции. За нив, како што нагласи, потребна е локална поддршка.

На собирот се обрати и кандидатот за градоначалник Невзат Бејта кој напомена дека програмата е направена во соработка со граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“ и како таа ќе се реализира.

На овие избори излегуваме со програма во која се опфатени важни прашања. Во неа е трајното решение на состојбата со канализацијата и водоводот во Дебреше. Овие инвестиции ќе се реализираат од три буџети, тој на општината, буџетот на државата за кој ја имаме поддршката. Трети се средствата што ќе ги обезбедиме од меѓународните фондови. За разлика од другите, ние доаѓаме да работиме, да реализираме проекти, затоа ја бараме вашата поддршка. На 31 октомври заедно со вас ќе ја прославиме големата победа на ДУИ, рече Бејта.

На собирот Ахмети побара од присутните да се искажат и посочат на проблемите со кои се соочуваат и директно одговараше на прашањата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Од МНР информираат дека двајца нивни вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

МНР формира кризен штаб за трагедијата: Објавен е телефонски број на кој може да се јават роднини

Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во...

„Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти.

Затоа што на народот му е преку глава од неуспеси и поделби, народот сака да види резултати и конечно да види реализација и исполнување на ветеното. Тоа нас не прави различни од нашиот политички противник, од оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ.

Ќе се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку и дека можеме сите заедно да работиме чесно и да ги исполниме очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира. Нема да критикуваме, нема да се жалиме колку е тешко, тешко е се знае затоа што ако било лесно прво немало да бидеме ние, а второ ако состојбата со општината и со јавните претпријатија кои што се дел од оваа општина била добра, тогаш сигурно немало граѓаните довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дале довербата на нашите претходници.

Така што ако кажеме дека е лошо и дека има направено многу лоши работи и многу криминал нема да ве изненадиме, тоа го знае народот, го знаат охриѓани, ние ќе се фокусираме да ја санираме колку можно состојбата и ќе се фокусираме на испорака на она кое што е ветено пред охриѓани и пред граѓаните на Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Промените започнуваат и тие се гледаат и во Охрид

Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата...

Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје.

Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје

Новиот Совет на Град Скопје денеска од 11 часот ќе одржи конститутивна седница во кино...