Ахмети истакна дека со ветинг и проверка на кадрите државата ќе биде поуспешна во борбата против криминалот и корупцијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 септември, 2019 18:38

Ахмети: За судбината на СЈО треба да одлучат двете најголеми македонски партии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска истакна дека проблемот со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да го решаваат двете најголеми македонски партии.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Ахмети истакна дека со ветинг и проверка на кадрите државата ќе биде поуспешна во борбата против криминалот и корупцијата.

Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии. Го поддржуваме законот, ги поддржуваме сите реформи во судството. Неопходно е во оваа држава да има ветинг, да има проверување на кадрите посебно на тие што се задолжени за чување на редот и мирот, бидејќи само така ќе бидеме поуспешни во борбата против криминалот и корупцијата, изјави Ахмети одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на спортска сала во ОУ „Реџеп Вока“ во Шипковица.

Инаку денеска утринава на новинарско прашање дали се прави попис на предметите во СЈО и што ќе се случи со обвинителите и истражителите, обвинителката Ленче Ристовска одговори дека за сите прашања поврзани со предметите ќе испратат соопштение во текот на денот.

Ленче Ристовска истакна дека СЈО има мандат до 2020 година и истакна дека покрај иднината на обвинителите се грижат и за сите вработени додавајќи дека се надева на што поскоро пронаоѓање решение за обвинителството. 

Во текот на денешниот ден се очекува СЈО да соопшти за понатамошните чекори откако вчера го доби дописот од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за префрлање на предметите.

За потсетување, СЈО беше формирано на 15 септември 2015 со усвојувањето на Законот за формирање на ова обвинителство и со изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители на РМ. СЈО има мандат од пет години, кој може да се продолжува со двотретинско мнозинство во Собранието. Неговата главна задача е да ги истражува и гони можните злоупотреби кои произлегуваат од прислушкуваните материјали во периодот од 2009 до 2015 година. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...