Во владата ќе се употребува Албанскиот јазик, министерствата, обвинителствата и судовите.

Објавил: Перо Милчин | 16 јануари, 2019 7:48

Ахмети и Османи ги покажаа орлите на фејсбук

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

 Али Ахмети и вицепремиерот Османи коалициските партнери на Заев го прославија вчера озаконувањето на двојазичноста со слика од вкрстени раце како симбол на двоглав орел.

 Министерот за економија Крешник Бектеши започна прес конференција на албански, па потоа се обрати на македонски јазик. Досега за Бектеши ова не беше пракса на прес конференциите, но за него нема ништо спорно со оглед на тоа што јазикот е афирмиран во законот. Венко Филипче пак направи споредба со употреба на јазиците во Швајцарија.

.
„Не е легитимно, вештачки се озаконува нешто што не одговара на реалната ситуација што ја имаме. Стануваме билингвална земја во услови кога реална билингвалност не постои. Зошто досега не профункционира законот за јазици ако се е во ред со него?“ – смета Елка Јачева Улчар – Институтот за македонски јазик.

За Мирјана Најчевска нема ништо спорно во процесот, виновник вели е Ѓорѓе Иванов бидејќи не го потпиша.
„Не, не е државен удар формално објавување на Закон кој е легално донесен од страна на легално избраните пратеници во Собранието на државата. Државен удар е непотпишувањето на овој закон од страна на претседателот на државата спротивно на Уставот. вели Најчевска.

Со Законот за употреба на албанскиот јазик ќе има најмногу промени на државното ниво. Институциите, агенциите, и сите организации во кои се вршат јавни овластувања, ќе станат двојазични.

Во владата исто така ќе се употребува Албанскиот јазик, министерствата, обвинителствата, судовите. Униформите на полицајците, пожарникарите и здраствените работници, само во општините каде што живеат на 20 % албанци. Поштенските марки и македонските пари пак ќе содржат албански симболи. Доколку институциите не го почитуваат новиот закон, ќе следи парична казна од 4000 до 5000 евра, а службеното лице ќе плати 30% од казната.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сеад Кочан е осуден поради малверзации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра каде покажувал лажна документација.

НА КОЧАН МУ НЕМА СПАС ОД ЗАТВОР: Одбиено и второто барање за одложување на затворската казна!

Основниот кривичен суд – Скопје денеска го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан...

„Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш.

ЗАЕВ доби ЖЕЖОК ШАМАР од Академик Павловски: “ЗАСРАМИ СЕ, РАЗМИСЛУВАЈ ПРЕД ДА ОТВОРИШ УСТА„

По скандалозното интервју на македонскиот премиер Зоран Заев, кој го даде за грчката...

Премиерот ми рече дека до него има доставено пpијави и се одлучивме да почнеме од cвeдокот. – рече Рускоска без да споменува имиња.

Рускоска: “Две oбвинитeлки од СЈО стапија во контакт со мене, сакаат да дадат исказ”

Обвинителката Вилма Рускоска во интервју за емисијата „Код“ изјави дека Катица Јанева...