Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека самиот барал и од Специјалното јавно обвинителство (СЈО)и од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отворат случаи за функционери на неговата партија, почнувајќи од него.
Кај него лично вели, не е пријавен ниту еден случај на корупција во кој е вмешан член или функционер на партијата.
„Кај мене не е пријавен ниту еден случај. Јас побарав во Специјалното обвинителство, верувајте, ова е од срце, побарав во Општото обвинителство, господа, отворете истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно ниво до локално ниво, почнете од мене. Не сум побарал да се почне од другите, почнете од мене“, вели Ахмети повикувајќи ги и медиумите да отворат истражат случаи за функционери од неговата партија.
Но, колку сум заработил за 20 години, одете зборувајте со банките, прометот е легален, вели Ахмети
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека неговиот имот е ист како и пред 20 години и за тоа колку пари кружат во неговото семејство порача да ја прашаат неговата сопруга бидејќи тој не се занимава со економијата на семејството.
„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.
На прашањето зошто не одговори сега во студио, тој одговори:
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.