Еве конкретно вчера УЈП влезе во целосна контрола во компанијата на мојот син. Тоа е во ред.

Објавил: Македонка Димкин | 17 септември, 2023 20:12

Ахмети: Ни влезе контрола тоа е Албанофобија чист нацизам!

Фото/Текст извор: ©Фокус

Лидерот на “зелените”, Али Ахмети тврди дека во петокот Управата за јавни приходи ја „чешлала“ компанијата на неговиот син. Тој тврди дека неговите деца работат согласно закон и дека не се поштедени од редовни контроли и инспекции.

-Еве конкретно вчера УЈП влезе во целосна контрола во компанијата на мојот син. Тоа е во ред.

Нека проверат се што имаат и истовремено ги повикувам од УЈП, финансиската полиција, јавното обвинителство, сите нека проверат се што е спорно со компаниите на моите роднини, вели Ахмети во интервју за ТВ 21.

Сепак тој истакнува дека неговото семејство се соочува со сериозни напади и закани во последните години. Исто така тврди дека постои и, како што вели, нацистичка кампања против него и ДУИ.

-Се работи за добро смислена кампања против мене лично и против Демократската унија за интеграција. Дури можам да кажам дека се работи за нацистичка кампања затоа што сметаат дека ДУИ и Албанците ќе им ја земат државата и економијата, рекол Ахмети во интервјуто.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...