Ахмети нема повеќе што да загуби. На прозивките од коалицијата ВЛЕН изрази подготвеност за одговорност и вети дека ќе се повлече од политичката доколку ги загуби следните избори.
-Слушнав, бараат кај нотар да сум потпишал, дека доколку со еден глас ги загубам изборите, да не бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, ќе се повлечам од политиката и ќе си одам дома, кажал Ахмети.
Инаку според ВЛЕН актуализирањето на прашањето за предвремените парламентарни избори од Ахмети е само обид да ја спаси политичка кариера која наскоро ќе заврши. Ова според нив е во недостиг на кадровски и програмски реформи внатре во неговата партијата. Крај на политичката кариера на Али Ахмети предвидува и еден од лидерите на ВЛЕН и министер за здравство Арбен Таравари кој смета дека реториката на Ахмети е позната и не е ништо друго освен обид да го задскрие незадоволството во партија. Според него ова се последни избори во неговата политичка кариера.
-Мислам дека политичкиот крај на Али Ахмети ќе бидат локалните избори. Верувам дека ВЛЕН ќе оствари убедлив резултат и господинот Ахмети таа вечер ќе излезе и ќе го прифати поразот на локалните избори и верувам дека неговата политичка кариера, за среќа или за жал, во зависност од тоа кој како ќе ја види, ќе заврши,, кажал Арбен Таравари
Инаку прашањето за превремените парламентарни избори се отвори на првата собраниска седница за пратенички прашања кога на барање на опозицијата, премиерот Хиристијан Мицковски изрази подготвеност повторно да го докаже легитимитетот кој го доби од граѓаните на последните избори.
Победа на владеачката ВМРО-ДПМНЕ доколу има нови парламентарни избори се потврдува и преку најновите анкети според кои Христијан Мицкоски е убедливо најпопуларен политичар во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ партија со најголема доверба кај граѓаните. Во анкетите дури 27.8% од граѓаните дале позитивно мислење за премиерот, додека за лидерот на опозицијата Венко Филиче само 5.5%. Доколку утре се одржат парламентарните избори, ВМРО ДПМНЕ би имала убедлива предност пред СДСМ и ДУИ кај гласачите. На прашањето за доверба во политичките партии, граѓаните изразиле 26% отсто доверба во владејачката партија. Следуваат СДСМ ДУИ и ВЛЕН сите со идентична доверба од 7 отсто. По нив е Левица со 5%, и ЗНАМ со 4%.
Рејтингот на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ е 31 процент, додека на коалицијата „Европска иднина“, предводена од СДСМ е само 10 отсто.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.