После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, по претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 октомври, 2021 5:54

Ахмети од Чаир: Наредно е претседател на држава да биде Албанец

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Чаир на партиски митинг, најави рушење на нова барикада.

После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, по претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

Додека пак ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа митинг во Прилеп.

Граѓаните се запознаа со проектите кои ги нуди кандидатот за градоначалник од оваа партија Борче Јовчески, а говореше и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

„11-ти Октомври е празник кој особено е вреднуван на ова место, и има тука посебно значење. Ако се прашувате зошто Зоран Заев вчера вечер и утрово зборуваше за 11 Октомври, тоа е само затоа што на 17-ти октомври имаме избори и сака да заборавите на се она што претходно го правел. А, кога нема избори тој тргува со светите работи на овој народ меѓу кои е нашето антифашистичко наследство. Тој кога не се избори самиот си кажува дека Бугарите овде за Втората Светска Војна не биле фашисти туку биле администратори. Денеска од Прилеп, од градот од каде што се дигна македонската борба против бугарскиот фашистички окупатор порачуваме – доаѓа крајот на продавањето на македонските национални интереси. Доаѓа крајот на оваа Влада што не направи ништо освен што се обидува да го продаде македонскиот идентитет“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Прилеп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Во четврток, 14 октомври 2021 година, во Малме, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, додека во Гетеборг ќе оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска.

Пендаровски во работна посета на Шведска

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска – 13 октомври 2021 година, среда, ќе престојува...

Тој изјави дека Македонија нема да се предаде пред приказните на Заев и нема да му поминат поделбите, Македонија ќе победи на овие избори и на народот му е доста од разочарувања.

Следно што Заев и СДСМ планираат е бришење на историјата, а народот на овие избори тоа не смее да го дозволи, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Прилеп истакна...

На Могилата на непобедените е предвидена свечена празнична програма и обраќања на претседателот на државата, Стево Пендаровски, на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп, Круме Соколоски.

Празникот ќе биде одбележан и во Скопје и во Куманово.

Осумдесет години од Денот на народното востание – 11 Октомври

Осумдесет години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната...

Програмските содржини од централната манифестација, во организација на Владата на Република Македонија и Општина Прилеп започнуваат денеска со свечен почеток на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во градот херој Прилеп во 18:00 часот.

Република Македонија денеска и утре го чествува 80 годишниот јубилеј – Денот на народното востание – 11 Октомври

Република Македонија денеска и утре го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден...